Угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегуваат на протест. Локацијата е пред Влада, часот 15:00.
Бараат донесување на протоколи за работа на рестораните за организирани настани и да се вратат во функција сите комплементарни дејности.
Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.
Протокол за работа чекаат веќе една година.
-Продолжуваме во Вторник (09.03.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА. Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фотографи, ателјеа за венчаници, студија за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие.