• Latest

УЈП ќе почне контроли кај физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

August 21, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

УЈП ќе почне контроли кај физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

August 21, 2019 15:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за јавни приходи (УЈП) до петок ќе даде налози за отпочнување на контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“, најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

-Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. До петок би требало да ги дадеме налозите за отпочување на контролата во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешата прес-конференција во УЈП.

Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок,…

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот, посочи Лукаревска.

Директорката на УЈП информираше дека при вчерашната контрола на дуќаните во Пластичарката улица и во Општина Чаир, постапувајќи по пријава на граѓани за нерегуларности со фискалните сметки, била извршена контрола на фискалните апарати кај 42 даночни обврзници.

-Кај 12 даночни обврзници се констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.Од нив девет не издавале фискални сметки, еден не поседувал  фискална опрема, а два не воделе книга  за дневни финансиски извештаи. Во два објекти констатирано е дека физичкото лице врши дејност трговија, без регистрирана фирма, рече Лукаревска и додаде дека против нив се преземени соодветни мерки.

Потенцира дека во Пластичарската улица се заклучувале објектите откако ги виделе возилата на УЈП со што биле оневозможени да изврат контроли. Во објектите каде извршиле контроли нашле на добра соработка од вработените.

УЈП досега спроведе контроли и во Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Тетово, Гостивар, Струмица, Куманово, Крива Паланка, Дојран, Гевгелија, Прилеп и во повеќе скопски општини. Предмет на контола биле и повеќе фестивали во Охрид, Прилеп, Дојран, Струмица и Струга каде Управата делувала превентивно.

Директорката информираше дека за речиси три пати е зголемен бројот на пријавите за неправилности и неиздавање на фискални сметки од страна на граѓаните со воведувањето на мерката за поврат на15 отсто од пресметаниот ДДВ. Од 1 до 20 август се регистрирани 97 пријави за неиздвање сметки, а лани во овој период имало само 26. Од 1 јули со стартот на Мој ДДВ до сега се поднесени вкупно 310 пријави, а во истиот период лани 112. Најголем дел од нив се за Скопје, поточно за Општина Чаир и за Охрид и Струга.

Заклучно со вчера бројот на скенирани фискални сметки е 12.371.552 со кои е остварен промет од 6.360.382.050 денари за кои вкупниот ДДВ изнесува 690.603.831 денар, а повратот од 15 отсто е  во износ од 103.590.575 денари.

– Веб апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе имаат детален увид за се што скенирале изминатиот период, како и колку поврат може да остварат е веќе изработена и тестирана и ќе биде пуштена во употреба. Преку неа граѓаните ќе можат да ги повлечат, односно да ги поништат погрешно скеираните фискални сметки, потенцира Лукаревска и апелираше дел од поголемите супермаркети, за кои граѓаните се жалат дека не можат да ги скенираат сметките, бидејќи се бледи, да ги сервисираат своите фискални апарати.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ