• Latest

УКИМ го одбележа Денот на просветителите

May 22, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УКИМ го одбележа Денот на просветителите

May 22, 2020 14:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо традиционално, со богата програма, настани и учесници, УКИМ денеска поинаку го одбележа „24 Мај“ –  Денот на светите Кирил и Методиј, патрониот ден и 71-годишнината од основањето. Без молебен, без наградување на најдобрите студенти, без промовирање почесни звања и титули, без свечена академија, концерти или други уметнички перформанси.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и претставникот на Универзитетското студентско  собрание, Георги Божиновски положија цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Цвеќе положи и делегација на Владата, предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски, во чиј состав беа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, како и министерот без ресор, Зорица Апостолска, задолжена за странски инвестиции, како и делегација на Кабинетот на претседателот на државата, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски.

 

Чинот на положување цвеќе на кој се приклучија и деканите и директорите на единиците на УКИМ, се одвиваше во текот на целиот ден поради протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

-Како многу пати досега, повторно искрено ја признаваме нашата немоќ да ги пронајдеме вистинските зборови, вистинските јазични средства да ја изразиме нашата благодарност за делото на светите браќа Кирил и Методиј. Составувањето на првото словенско писмо и преводот на евангелските книги, епохалното дело на словенските сопокровители Кирил и Методиј имало религиозни мотиви, но успеало на наша среќа и радост да ги надмине и идеолошките и територијалните рамки и да влезе во светската културна ризница како сесловенско писмо. Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература,  заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Заради  огромната важност на нивната мисија, денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи. Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера, рече ректорот Јанкуловски.

Тој изрази голема благодарност за делото на следбениците на патроните, на нивните верни ученици Климент и Наум кои, како што истакна, не само што продолжиле да ја негуваат и развиваат словенската писменост, туку почнале да ја шират и да ја зацврстуваат низ целиот словенски свет.

-Тие успеале да ја зачуваат словенската духовна слобода и да создадат расадник од каде што се ширеше словенската писменост и култура. Охридската книжевна школа што ја создадоа Климент и Наум и од која излегоа 3.500 нивни ученици, стана најразвиено словенско културно средиште во IX и Х век, односно првиот словенски универзитет. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје останува доследен на своите заложби во реализацијата на својата мисија, да го продолжи и зацврстува својот развоен од како универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата), но истовремено да ги негува и културните вредности на другите етнички заедници во РМ, напомена Јанкуловски.

 

Во оваа прилика, тој се осврна и на ситуацијата со КОВИД-19 поради која наставата, работата и животот на УКИМ денес се поинакви.

-За жал оваа година, прв пат од своето постоење, УКИМ ја завршува тековната академска година на нетрадиционален начин, во вонредна и исклучително неизвесна состојба. Злото што со себе го донесе КОВИД-19 донесе големи промени во животот и секојдневието во целиот свет. Како резултат на пандемијата, исто како  насекаде во светот амфитеатрите, предавалните, аулите и лабораториите на УКИМ, веќе трет месец се празни. Нема студенти, нема џагор. Користејќи го своето огромно знаење и искуство, согласно сите расположливи човечки, материјални и техничко-технолошки ресурси, УКИМ за многу кратко време успешно се адаптираше на новонастанатата ситуација и продолжи со својата работа и во овие вонредно тешки услови. Веќе трет месец, наставата на факултетите на УКИМ се одржува онлајн со користење на  повеќе платформи чиј избор е оставен на самите факултетите и на професорите, рече ректорот на УКИМ, Јанкуловски.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ