Украина репатрираше повеќе тела на паднати војници во согласност со договорот постигнат за време на мировните преговори во Истанбул, соопштија украинските власти вчера, пренесе Гардијан.
Координативниот штаб на Украина за третман на воени заробеници соопшти дека Русија вратила 1.200 тела и „според руската страна, телата им припаѓаат на украински граѓани, особено на воен персонал“. Репатријацијата на телата беше спроведена со помош на вооружените сили на Украина, безбедносната служба на земјата, Министерството за внатрешни работи и други владини агенции, се вели во соопштението, пишува Гардијан.
Експертите за судска медицина сега ќе работат на идентификување на останките. Репатријацијата претставува едно од најголемите враќања на останки во војната.