Синоќа, Русија изврши масовни напади врз Одеса, Харкив и нивната околина, користејќи повеќе од дваесет ударни дронови. Околу 20 лица беа повредени, меѓу нив и 2 деца – девојчиња на возраст од 12 и 17 години – како и 3 припадници на Државната служба за вонредни состојби, кои пристигнале на местото на нападот. За жал, едно лице загина во Одеса. Изразувам сочувство до семејството и најблиските, велат од украинската амвасада во објава на Фејсбук.
Од украинската амбасада, во објавата информираат дека вкупно, 86 дронови беа лансирани врз Украина минатата ноќ, поголемиот дел од нив руско-ирански дронови тип „Шахед“. Повторно беа погодени станбени згради, обични бизниси, цивилна инфраструктура и возила, кои беа зафатени од оган. Им се заблагодарувам на нашите спасувачи – на терен беа ангажирани 132 припадници и над 30 единици опрема. Во Харкивската област, активностите за справување со последиците сè уште траат.
Русија продолжува со својата тактика на намерен терор врз нашиот народ. И токму поради тоа, мора да се соочи со силен одговор – таков што значително ќе ја погоди Русија во целост и ќе ѝ ја намали способноста да ја продолжи војната. Земјите од Г7 и ЕУ го знаат рецептот: силен притисок, санкции насочени кон енергетскиот сектор и „сенчестата флота“, како и горна граница од 30 долари за руската нафта. Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе успееме да спасиме во Украина, се вели во објавата на украинската амбасада.
М. Д.