Украинската војска го погоди магацинот за нафта Лискинскаја во руската област Воронеж со беспилотни летала во текот на ноќта на 16 јануари, соопшти украинскиот Генералштаб.
Како што пренесува Кијив индипендент, според војската, нападот бил насочен кон магацин за нафта каде било складирало гориво, кое се користело за потребите на руската армија.
Изјавата дојде по руските извештаи за пожар во складиштето за нафта во Воронежската област. Селото Лиски во Воронежската област се наоѓа на над 150 километри (98 милји) источно од украинската граница.
Во нападот спроведен од силите за специјални операции и другите единици на украинските одбранбени сили, најмалку три беспилотни летала го погодија објектот, предизвикувајќи пожар од големи размери, соопшти Генералштабот.
Киев Индипендент не можеше да ги потврди овие тврдења.
Нападот доаѓа во време на пораст на операциите со беспилотни летала на Украина насочени кон руската енергетска инфраструктура.
Украинскиот напад со беспилотни летала, наводно, бил насочен и кон руска фабрика за барут во селото Кузмино-Гат во Тамбовската област во текот на ноќта на 16 јануари.
Украинските сили и претходно гаѓаа воени аеродроми, рафинерии за нафта и складишта за муниција во Воронежската област.
Подготви: Д. Мишев