Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во петокот, 4 март, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
„Дејствувајте одлучно сега, пред да биде предоцна. Не дозволувајте Путин да ја претвори Украина во Сирија. Ние сме подготвени за војна. Продолжуваме да се бориме. Но, потребна ни е помош од партнерите во форма на решителни и брзи дејствија“ – рече Кулеба.