Масовен мирен собир започна на Плоштадот на слободата, во центарот на градот Керсон, во близина на зградата на регионалната државна администрација заземена од руските напаѓачи, информира Укринформ.
Дементиј Били, шеф на регионалниот огранок на Комитетот на гласачи на Украина, објави видео од митингот на Фејсбук.
Тоа покажува дека плоштадот е целосно исполнет со жители на Керсон кои држат украински знамиња и извикуваат „Херсон е Украина!“.
И вчера жителите на Керсон одржаа митинг против агресорот и одбија да ја земат крвавата „хуманитарна помош“ на непријателот, за што им се заблагодари украинскиот претседател Зеленски.
Д.Мишев