• Latest
Војо Маневски

Уметноста и животот

August 10, 2022
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Уметноста и животот

August 10, 2022 19:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Уметноста го разубавува животот, е честа дефиниција која деновиве ја среќаваме низ средствата за влијание и пренесување ставови. Добро, има по малку шекнати уметници, па нивните дела и не се за развеселување, ама зарем животот е секогаш весел? Пред да се оценува некое уметничко дело, да се стави во некаков калап на критиката и систематиката, треба да се створи тоа уметничко дело. Е сега, можам да ве давам со трактати дали  уметниците треба да се богати и од комоција да творат или секогаш треба да се на работ од опстојувањето, за да биде изострен нивниот креативен сенс. Ние имаме и посебна идентитетска обврска кога се работи за уметничките дела. Треба да се внимава и на изразувањето во тие дела и треба да бидат корисни на патот кон Европа. Уметноста и треба да биде корисна, да пренесува некакви пораки.

Некако мислите ми се вртат околу народното творештво. Ја вртам песнарката на Васил Хаџиманов, каде во нотен и текстуален запис се ставени најголемиот број на песни, за кои јас мислев дека се брусени низ народните преданија и со многу автори. Арно ама под секоја песна пишува – ја пеел тој и тој на свадба во Неготино или е пеена од Ставре во летото деветстотини и десетата и така натаму. Значи и тоа народното имало конкретен автор што некој свој став околу нешто го ставил во стихови и го оставил да го пејат генерации после него, ама и да го сообразуваат со времето во кое живеат.

Следејќи ги скоро сите носачи на информации и дезинформации во регионов, наидувам на поплаки на градоначалниците дека тешко ќе можат да ги реализираат ветените проекти. Објаснувањата се различни и повеќето се упатени на поранешните носители на функцијата прв човек на градот. Се сеќавам кога за време на кампањата пишував дека секој кандидат што се фатил на орото за да биде градоначалник мора да ги знае финансиските и кадровските состојби во општината што сака да ја води, ама кој ми е крив кога од колумни сакам да правам уметност, а уметноста така се разбира кај нас како додаток кој може, а и не мора да го има. Како Вегета.

А што беше врската со народната уметност? Па некако ме потсетуваат овие пресовите во последно време на една песна што во песнарката на Хаџиманов е со објаснување дека ја пеел некој Станко на свадба во Бегниште 1928 година. Не знам кои биле политичките прилики во Тиквешијата тогаш, ама поуката од песната може да се примени во разни случаи и обични и оние понеобични или со модерен речник на доцна кодифицираниот јазик, политичко оправдувачките. А песната оди изворно вака.

Што ти се чинеше кога се мажеше,

невесто море црно око,

црно ле јоко де.

Дека е момче,

момче шекерче,

невето мори црно јоко лиду лиду ду.

Обичен свадбарски стих или повеќе стих на анализа на сработеното во брак после извесно време. Морам вака доследно со современ речник да дообјаснам за да нема заблуда и криво разбирање, или толкување, или не дај боже говор на омраза. Многу може да се научи од уметноста и народна и ненародна. Во една друга песна пишува: му сѐ паднало на Митре овци да молзи, Митре ниту овци молзел, ниту овци видел зошто самарџија бил. Ама на мака научен, со работа задоен да молзи научил да молзи и да пее.

Стојан ќумурџија го пратиле, ќумур да прави сто ока да стави. Знае Стојан дека ниту ќумур е видел, ниту сто ока е подигнал, Стојан вреќи клава, а во вреќите волна не парена. На кола ги клавал и лесно ги дигал, а Стојаница милно го гледала. Силен е стопанот мој, сам сто ока крева, сам ќумур продава. Носел Стојан ќумур на пазар, ама само две вреќи донел. Ветрот непрокопсан другите ги однел. Како објаснување за песната стои Ампо од Фариш ја пеел на собор во манастирот Св. Богородица.

Е текстот од првата песна мене ми личи на желбите на кандидатите да се биде на некоја челна позиција. Сѐ ќе биде шекерче и лижавче. Да се потрудеа да ги побараат финансиските состојби на општините што сакаат да ги водат, а попат и продискутираат со некој што тоа добро го знае ќе правеа програми во кои ќе ставеа можни, а не во добар дел посакувани проекти. Имаат оправдување во песната дека таква е таа опиеност во кампањата и многу е слична на заљубеноста. Се гледаат само добрите страни на партнерот, а сѐ друго е емоција која не смее да се загрози во тој момент.

Ќе видеа тогашните кандидати дека и во втората песна има нешто од што може да се научи. Ако се нафатиш да молзиш овци, колку и да не си го работел тоа има големи шанси ако си вреден и се потрудиш да научиш и можеби не за долго ќе станеш добар молзач на овци. Е проблемот е кога се напушти песната, е се слезе во реалноста каде сите партиски предложени функционери кога ќе бидат предложени за некоја одговорна функција на проблемот му приоѓаат како кон молзењето. Ма не е никаков проблем, ќе научам да молзам. Никој не сака да признае дека до молзењето има и некој друг подготвителен период. На фармата молзењето е меѓу последните операции. Треба да се донесе храна, да се подели, да се подзачисти околу овците, да се донесе ведро што не е дупнато, да се задржат немирните овци да не го истурат млекото, а бога ми и да се фати некогаш овенот(КОЧ)за рогови за да не те удри кога си наведнат над ведрото при молзењето.  Е дури тогаш можеш да го делиш измолзеното млеко за правење кисело млеко или сирење. Митре бил работлив вели песната и научил да молзи и пеел, веројатно и рефренот – што ти се чинеше кога се мажеше.

Мудра била народната уметност, а можеби и затоа што не била оценувана од некаква комисија за протоколи. Има ли мудрост во песната за Стојан, за нашево информатичко и ослободено општество, што мислите мои пријатели?

Стојан на ќумур го пратиле – сто ока да дига. Знаел Стојан дека за дигање сто ока не го бива, тој дома од стомната потешко не подигнал. Да се врти околу огнот и ќумур да прави ниту тоа не го знае, а ниту сака. Стојан го прави она што го знае. Да полни вреќи со волна и ако има време да си поседи на меките вреќи. Ама Стојаница го гледа, а тоа е најважното во неговиот живот. Затоа место ќумур вреќите со волна ги полни и на раце ги крева во колата, како сто ока да е лесно да се дигне. Не  само што ги дига на раце, туку и на Стојаница со око и намигнува и ишарет и праќа. Стојаница на сите им раскажува како нејзиниот Стојан сто ока подига и на кола качува, па на пазар го носи ќумурот. Со парите гердан ќе и купи и за децата шарени бомбони. Знае Стојаница дека Стојан не може да подигне сто ока и дека од чадот кога се прави ќумур кашла како вистински ќумурџија, ама не дава друг да и ја каже вистината. Се омажила за него и се плаши од друг избор.

Ве потсетува ли оваа народна уметност што на Богородица се пеела пред сто години на нашите собитија денешни? Знаат нашите политички преставници дека не можат да станат добри ќумурџии, ниту сто ока да подигнат, ама волна и магла да ги полнат вреќите знаат. И ние како Стојаница знаеме дека тие не се кадарни да ни го подобрат животот и  да го водат манастирското оро, ама пак за орото се фаќаме зошто се плашиме дека друго оро нема или во тоа оро нема да не примат. И така си се врти орото и си играме иако ороводецот ударот на тапанот не го следи добро, ама играме и играме сѐ додека не се скине орото и од него останат само  тапкачи во место што ѕуцаат по некој свој ритам.

Затоа предлагам да не се заморуваме со нова некоја уметност и да се изложуваме на ризик да ја грешиме работата на меѓународен план. Ај ние малку да си запееме од оние нашите песни што ги имаме и за делник и за празник и за секоја прилика, зошто лесно е да се продаде татковата куќа, ама тешко е да се купи. А песната има еден гласовен завршеток—лиду ду лиду ду,  простетете на ализијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ