Со поддршка на макеоднската влада, унгарската групација 4iG навлегува во македонскиот телекомуникациски пазар. Како што соопштија од Групацијата најпрвин ќе се регистрира One Macedonia Telecommunications компанијата и ќе се назначи Тамаш Табори, заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во Унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt., за извршен директор.
„4iG Group започна консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Северна Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG Групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, соопштија од групацијата.
Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.
Групација 4iG е членка Алијансата O-RAN и ќе биде достапна и преку домените onemacedonia.mk и onetelekom.mk.