• Latest

Унијата на европски федералисти го предупреди Груевски за активностите на СОС

February 23, 2017

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Унијата на европски федералисти го предупреди Груевски за активностите на СОС

February 23, 2017 12:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот и потпретседателот на Унијата на европски федералисти, европратениците Брок и Ковачев, од АЛДЕ и од редовите на Европската народна партија (EPP), испратија писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод „загрижувачки активности на организацијата ‘СОС – Стоп Операција Сорос’, кон Младите европски федералисти (JEF) во Македонија“.

Во писмото се вели:

„Драг господине Груевски,

Би сакале да ги свртиме Вашето внимание кон еден инцидент кој Вие можеби го сметате како изолиран случај, но испраќа загрижувачка порака за европски ориентираната иднина на ПЈР Македонија, како едни од најголемите поддржувачи на земјата за евентуално пристапување во Европската унија.

Во петокот, на 3-ти февруари 2017-та организацијата ‘СОС – Стоп Операција Сорос’, одржа прес-конференција за да ги нападне организациите за кои смета дека се штетни за националниот интерес на ПЈР Македонија. На наше големо изненадување, една од споменатите организациите е и Млади европски федералисти (ЏЕФ) Македонија. Говорникот на прес-конференцијата, г-дин Цветин Чилиманов, како што сме ние информирани, главен и одговорен уредник на владината Македонска информативна агенција, ги опиша ЏЕФ Македонија и генерално Европските федералисти, како контроверзна организација и ги етикетира нашите активности како „смртоносни и опасни“.

Ние сметаме дека е значајно да се потенцира дека ЏЕФ Европа и националниот огранок – ЏЕФ Македонија, се непартиски плуралистички младински организации кои работат во правец на слободна и обединета Европа, водена според принципите на демократијата и владеењето на правото, која се стреми да ги осигура мирот, просперитетот, безбедноста и правдата. ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија, работат кон поголема интеграција ма ФИРОМ во европското семејство, што надежно ќе води кон евентуален статус на земја- членка. ЏЕФ Европа е младинска организација на Унијата на европски федералисти- УЕФ , каде што ние сме претседател и потпретседател.

Имајќи ја во предвид блискоста на лидерството на СОС со Владата на ПЈР Македонија и останатите неодамнешни изјави на владините политичари кои се однесуваа на таканаречената „десороизација“ на државата, ние сме загрижени за активностите на нашите локални групи и уште повеќе сме загрижени дека овие инциденти можат да водат кон впечатокот дека вредностите кои се поддржани од УЕФ и ЏЕФ, не ги споделува Владата на ФИРОМ.

Ние, во секој случај, имаме целосна доверба дека е во Ваша моќ да реагирате на овие напади против Европските федералисти во Вашата држава и да ги искористите инструментите кои ги имате на располагање за понатамошните активности на граѓанското општество во ФИРОМ во поддршка на заедничките европски вредности и цели.

Ние, како и ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија, сме на Ваше располагање, доколку одлучите да преземете некоја од овие мерки во правец на конструктивен дијалог“.

Елмар Брок, претседател на Унијата на Европски федералисти

Д-р Андреј Ковачев, потпретседател на Унијата на Европски федералисти

Tags: Андреј КовачевЕлмар БрокНикола ГруевскиСОСУЕФцивилно општествоЏЕФ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ