• Latest

УНИЦЕФ ја поттикнува јавноста да даде придонес во унапредувањето на Нацрт концепцијата за реформи во гимназиското образование

January 24, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

УНИЦЕФ ја поттикнува јавноста да даде придонес во унапредувањето на Нацрт концепцијата за реформи во гимназиското образование

January 24, 2025 10:17
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на образованието, УНИЦЕФ ја поздравува неодамна објавената Нацрт концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикува сите образовни чинители да се вклучат во процесот на отворена консултација за ко-креирање на визијата за гимназиското образование.

Нацрт концепцијата е дел од тековните напори на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието чија цел е образованието да ја задржи својата релевантност и да се приспособи кон светот што бргу се менува.

Документот претставува патоказ за тоа како да се поддржат наставниците преку осовременети наставни програми, модерни наставни методи и подобри начини на оценување. Во него се наведени и клучните знаења, вештини, ставови и вредности што средношколците треба да ги стекнат во текот на своето школување. Вреди да се напомене дека со оваа Концепција, на учениците им се дава можност да изберат што ќе учат врз основа на индивидуалните потреби и интереси, со поголема флексибилност за комбинирање предмети од различни подрачја, посочуваат од УНИЦЕФ, пренесе МИА.

Процесот на отворени консултации ќе им овозможи на сите чинители да придонесат за решавање на критичните образовни предизвици. Образовната криза во земјата се потврди и со најновите резултати од Меѓународната студија за трендови во математиката и природните науки – каде учениците од четврто одделение се рангираа на 44-то место по математика и на 47-мо место по природни науки (од 58 земји-учеснички). Заедничкото креирање долгорочна визија за гимназиското образование ќе даде важен придонес за подобрување на образовните резултати.

УНИЦЕФ особено го поздравува тоа што во Концепцијата се дава осврт на новите прашања во образованието како што се трансформативниот потенцијал на вештачката интелигенција и напредните технологии. Концепцијата предвидува учењето да биде попристапно, поинтерактивно и поефективно, нагласувајќи ја потребата од оспособување на учениците и наставниците со вештини за критичка примена на овие технологии. Исто така, УНИЦЕФ го поздравува фокусот што Нацрт-концепцијата го става на образованието за животна средина и климатски промени, преку наставата и преку активно учество во еколошки иницијативи.

Покрај предложените позитивни промени, УНИЦЕФ предлага да се стави посилен фокус на обезбедување премин од основно во средно образование и спречување на осипување на децата со попреченост и оние од ранливите заедници, меѓу кои и Ромите. Освен тоа, Концепцијата треба да се осврне на потребата за дополнителна поддршка и насоки за заштита на физичкото и менталното здравје на адолесцентите, како и за безбедно и одговорно користење на напредните технологии. Со ова ќе се помогне училиштата да создадат средина која што го поддржува и поттикнува образовниот успех, личниот раст и благосостојба.

Концепцијата е  отворена за јавни коментари до 31 јануари 2025 година. Сите заинтересирани имаат можност да придонесат кон натамошно унапредување на Концепцијата. Со ова ќе се обезбеди учениците да бидат подготвени да напредуваат во свет кој е меѓусебно поврзан, да ги ценат различните перспективи и да станат одговорни граѓани кои преземаат акција во насока на одржливост и колективна благосостојба.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ