• Latest

Управниот одбор ја усвои драфт верзијата на Националната развојна стратегија

January 30, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Управниот одбор ја усвои драфт верзијата на Националната развојна стратегија

January 30, 2024 13:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации. Станува збор за сеопфатен документ кој опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во наредните две декади, информираат од Владата.

Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи „Националната развојна стратегија е доказ дека само фокусиран пристап и грижа за државата и нејзиниот развој ќе не одведе онаму каде што сакаме, онаму каде, како што рече, нашите граѓани, нашите деца заслужуваат да бидат после 20 години.

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, пак, смета дека процесот на подготовка и самиот нацрт на Националната развојна стратегија говорат за фактот дека станува збор за еден квалитетен, сеопфатен и кохерентен документ.

Процесот на подготовка на Националната развојна стратегија траеше речиси три години и во него директно се вклучија околу 14.000 граѓани, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, државните институции и голем број на домашни и странски експерти. НРС ја опфаќа визијата за иднината на Република Северна Македонија и претставува пример за консензуален, надпартиски, надгенерациски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен документ, во чија подготовка активно се вклучија политичките партии и од власта и од опозицијата.

-Има доволно прашања по кои можеме да се разликуваме како политички субјекти, но мора да градиме консензус за политиките кои се неопходни за развојот на нашето општество и за напредокот на државата, истакна Славица Грковска, вицепремиер задолжен за политики за добро владеење.

Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија се надева дека политичките партии ќе ја земат предвид НРС, како глас на народот, во нивните партиско-политички манифести.

-НРС може да се преточи во владина програма, за да се осигура континуитет на развојниот пат. Како и секогаш, ОН се подготвени да ги поддржат луѓето и институциите на Северна Македонија во овој процес“, изјави таа.

Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава, рече дека процесот на креирање на овој документ бил комплексен, но смета дека сите заедно успеале да создадат стратегија која успешно и сеопфатно ќе одговори на сите претстојни предизвици за земјата и ќе понуди трајни и одржливи решенија за идниот општествен развој, во согласност со принципите на Агендата 2030 и процесот на пристапувањето во ЕУ.

-Членовите на Управниот одбор изразија задоволство од досега сработеното и дадоа поддршка за процесот кој следува. Собранието едногласно го усвои Законот за Националната развојна стратегија во прво читање. По конечното носење на законот, пратениците ќе треба да го изгласаат и документот на Националната развојна стратегија, по што ќе започне нејзината имплементација, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.

Процесот на креирање на Националната развојна стратегија, Владата на Република Северна Македонија го реализира во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Изработката на НРС е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Национална развојна стратегија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ