• Latest

Условите за работа главна пречка за ефективна и ефикасна работа на ДКСК

October 1, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Условите за работа главна пречка за ефективна и ефикасна работа на ДКСК

October 1, 2019 12:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Условите за работа во период од седум месеци не се променети, а се уште не е направено електронското поврзување со 17-те институции за поддршка за побрзо ефикасно и ефективно работење на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тоа е резултат односно слика на тромоста на нашите институции, заклучи претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска на денешната презентација од Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ на првиот квартален извештај за следењето на работата и постигнувањата на ДКСК, со оценка за ефикасноста и транспарентноста.

На новинарско прашање каде е сржта на корупцијата, таа рече дека секој е носител повеќе или помалку на некаква коруптивна мисла или на некакво барање или очекување.

„Сакате изборна корупција, еве ги привилегиите, дали е тоа на пратеници, дали на поранешни претседатели. Секој од нас треба самиот со себе да расчисти дека нема да плати за никаква услуга, ако другата страна нема да побара затоа што тоа му е работа да го направи. Тоа е основата. Кога ќе се зачува личниот интегритет тоа е првата гаранција дека ќе се зачува институционалниот интегритет“,  порача Ивановска.

Прашана дали има ефект од работата на ДСКС, Ивановска децидна дека има конкретни резултати во јавноста.

Не сме задоволни во делот каде надзорните и управните одбори на јавните претпријатија, рече, ни испратија писма во кои стои дека не утврдиле одговорност кај раководните органи, за коишто утврдивме дека го злоупотребиле дикрециското право. Затоа ДКСК побарала да им бидат доставени записници на кој начин се одвивала расправата и зошто не е утврдена одговорност имајќи предвид дека е очигледно прекршувањето на дискрециското право.

„Ние не се откажуваме, ќе бараме до последно да ги добиеме сите информации што ни е се потребни и ќе вршиме притисок на сите оние кои неодговорно со злоупотреба на дискрециското овластување не ја вршат функцијата да си одговараат за тоа“, истакна Ивановска.

Посочувајќи дека ова е веќе трета граѓанска организација што ја мониторира работата на ДКСК, претседателката Ивановска истакна дека извештаите од граѓанските организации не се притисок, туку алатка за подобрување на нивната работа.

„Но, во последно време се јавува некоја експертска јавност со свои коментари, за кои ќе видиме колку се тие реални, дали се вистинити и прифатливи и колку кореспондираат со нашата работа“, рече претседателката на Антикорупциската комисија.

Лилјана Пецова Илиевска, проектен координатор во „Транспарентност Македонија“ информираше дека во извештајот што го презентираат се опфатени сите предемети, постапки и иницијативи коишто ги има отворено ДКСК. Имаат забелешки во однос на просторните и техничките услови, особено за непристапноста за лицата со инвалидитет на отворените седници. Според неа, се поставува и прашањето колкав е ефектот од тоа да се постапува по сите пријави што ги добиваат во ДКСК неселективно.

„Се губи и време и ресурски и капацитети, коиѓто ги немаат доволно во моментот. Дали можеби е потребно да се воведе методологија за работа, што ќе направи приоритет на случаи по кои ќе постапува ДКСК со цел да се искористат постоечките ресурси и капацитет за постапување по случаи за висока или средна корупција“, рече меѓу другото Илиевска.

На промоцијата на извештајот се дискутираше и за 49 – те постапки на ДКСК кои течат за проверка на вистинитоста на податоците дадени во анкетните листови за имотната состојба, како и девет други за имотната состојба, меѓу кои за шест судии, а постапаката се води заедно со други надлежни институции.

ДКСК ќе работи и на подобрување на условите за укажувачите, чиј број, како што информиаше претседателката на ДКСК, постојано се зголемува.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ