• Latest
Фото: Инстаграм

УСС-УКИМ упати писмо за поддршка до колегите во Србија кои блокираат повеќе од 40 факултети

December 13, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УСС-УКИМ упати писмо за поддршка до колегите во Србија кои блокираат повеќе од 40 факултети

December 13, 2024 16:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) денеска упати писмо за поддршка до колегите во Србија кои блокираат повеќе од 40 факултети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Студентско собрание на УКИМ (@ussukim)

Блокадите започнаа на крајот на ноември, по нападот врз студентите на Факултетот за драмски уметности кои оддава почит во траење од 15 минути за 15-те жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Студентите, меѓудругото,  бараат да се објави целосната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на ФДУ.

Од УСС-УКИМ ја упатија својата поддршка и како што велат, искрено сочуство во нивната борба за правда и посочија дека гласно го осудуваат пригушувањето на студентскиот глас.

„Протестите што започнаа како реакција на трагедијата во Нови Сад, ја надминаа границата на едноставен израз на незадоволство. Тие станаа симбол на борбата за општествена одговорност и граѓански и политички права што ги заслужува секој. Од вас не’ дели само името на Универзтетот и местоположбата, по се друго сме истите студенти – а како такви сме рамноправни, еднакви и со истите цели предвид. Барањата што ги покренавте се од исклучителна важност и претставуваат отсјај на вашите остри гледишта за праведно и прогресивно општество. Кревајќи го вашиот глас против неправдата и небрежноста на институциите, испративте и продорна порака до сиот народ од регионот и не’ потсетивте дека младите луѓе, студентите, се најподвижното ткиво на едно општество, со најголема желба за правда и најистрајно во миг на неправда. Младите гледаат, младите внимателно набљудуваат, гласаат и се помируваат. Но младите исто така се здружуваат и рамо до рамо влегуваат во огнот во име на целото население“, пишува претседателот на УСС-УКИМ Александар Николовски во писмото.

Одлучноста да ги бранат овие принципи и вредности, како што велат во отвореното писмо е поттик за сите нив. Таму се додава дека историјата покажува дека студентите секогаш биле на првата линија на општествените промени, а нивната храброст, како што велат е директен доказ дека оваа традиција продолжува.

„Драги колеги, вашата борба е и наша борба. Вашата борба и инспирација за студентите низ регионот. Силата за промена на светот лежи во младите и не дозволуваме никој да ни ја одземе. Во знак на нашата искрена солидарност, ќе ја споделуваме вашата приказна и ќе го подигнуваме вашиот глас насекаде. Вие не’ потсетувате дека образованието, одговорноста и единството се темелите на секое прогресивно општество, а ние ви благодариме за тоа“, се посочува во писмото за поддршка.

„Студентскиот глас и студентскиот активизам се темелите на секое прогресивно и праведно општество. Како идни носители на општествените промени, наша обврска е да се бориме, а должност на надлежните е да ни биде слушнат и уважен. Секој обид за замолчување или потиснување на студентскиот глас, било преку физичко или друг тип на насилство, водат кон ерозија на општествените столбови, а со тоа и распад на градењето на едно функционално и современо општество“, се додава во писмото за поддршка.

Таму дополнително се нагласува и дека преку примерот на Студентскиот пленум, биле и се сведоци на на моќта на студентското тело, кое, како што велат, не само што го обликуваше студентското организирање, туку одигра клучна улога во општественото функционирање на Македонија.

„Од таа причина, цврсто ја изразуваме нашата поддршка кон колегите во Србија. Студентскиот глас е гласот на иднината и не смее да биде погазен!“, се истакнува во писмото.

Целото писмо за поддршка може да се прочита на следниов ЛИНК.

Инаку, официјално се блокирани повеќе од 40 државни факултети низ Србија, меѓу кои и сите факултети во Нови Сад. Синоќа, околу 19 часот, студенти се собраа пред РТС, со цел со бучава да го попречат дневникот на јавниот сервис, бидејќи јавниот сервис не објавува информации за нивните активности, но и затоа што, како што се наведува, говореле дека студентите се платени, пренесува Н1.

Сите пленуми на белградските факултети кои се во блокада рекоа дека нивните барања не се исполнети, алудирајќи на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ги исполнил сите барања на студентите и дека сега можат да ги прекинат блокадите. Блокирани се и неколку средни училишта и гимназии.

Извор: МОФ

Tags: писмо со поддршкастудентски блокади СрбијаУКИМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ