• Latest

Уставен суд поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

November 27, 2019
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставен суд поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

November 27, 2019 14:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.

Судот смета дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законски основ по кој даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот во членот 84 од Уставот и истото основано може да се доведе под сомнение по однос на членот 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

-Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман до субјектите. Имено и претседателот согласно Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување, велат од Уставен суд.

Оттаму посочуваат дека во повеќе држави членки на Европската Унија од кои беше побарано мислење од добиениот материјал е  констатирано дека во нивните законодавстава не постои можност за повлекување на даденото помилување.

– Имено одлуката за помилување што ја донесува претседателот e sui generis  акт, кој ниту е административен акт што би се оспорувал пред Управните судови, ниту пак нормативен акт што би можел да се оспорува пред Уставниот суд, посочуваат од Судот.

Оттука имајќи ја предвид направената анализа, како и меѓународната пракса, Судот смета дека со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон основано со истото се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија предвиден од член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот.

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, за одредби од Законот за аудио и аудио и визуелни медиумски услуги и за одредби од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ