Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Фадил Зендели, поднесена од Политичка партија „Левица”.
Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.
Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 154 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и да ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 115 став 1 и член 116 ставови 1, 2 и 4 од Законот означен во точката 2 од предлогот.
За оспорениот Законот за медијација, Судот одлучи дека нема доволно мнозинство и за предметот ќе се одлучува на некоја од наредните седници.
М.Д.












