• Latest

Утврдени неправилности за бегството на Мемети, најавена смена на директорот на Управата за извршување на санкции

January 17, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Утврдени неправилности за бегството на Мемети, најавена смена на директорот на Управата за извршување на санкции

January 17, 2023 08:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда вчера соопшти дека се утврдени повеќе неправилности во врска со бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово, а премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски. Досега, за случајот суспендирани се командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот. Осум дена пртвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

Како една од неправилностите, утврдени при вонредниот инспекциски надзор на 13-ти овој месец, е тоа дека одлуката да биде спроведен затвореникот до Клиничкиот центар ја донел командирот на одделение и ја потпишал наредбата за спровод без претходно подготвен упат од здравствен работник.

Како што наведуваат од Министерството за правда, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, мора за неговата здравствена состојба да се подготви упат од лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана.

– Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана, посочија од Министерството за правда.

Следното правило што не е испочитувано е дека осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, по предлог на командирот, било сместено во вториот дел на седиштата меѓу два припадници на затворската полиција.

– Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, наведе Министерството за правда во соопштението.

Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски најави смена на директорската функција во Управата за извршување на санкции, поради незадоволство од работата на актуелниот директор Марјан Спасовски.

– Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави вчера Ковачевски, одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска со бегството на затвореникот Мемети.

Промената на директорската функција во Управата, како што рече Ковачевски, нема да се најде на денешната владина седница, туку на некоја од наредните седници.

Претходно, Судот им определи мерка притвор од осум дена на командирот и двајца затворски полицајци, за кои постои основано сомнение дека како службени лица, со умисла, му помогнале и му овозможиле на осуденикот Мемети да избега од КПД „Идризово“.На четвртоосомничениот му е изречена забрана за напуштање на домоте и привремено му е одземена патната исправа за преминување на државната граница.

Осомничените, по претходни насоки на првоосомничениот- командир, со умисла му помогнале и му овозможиле на Мемети да избега. Притоа ги повредиле сите процедури за спровод на осуденик кој издржува затворска казна за потешко кривично дело до здравствена установа. Па така, откако осуденикот се самоповредил расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, не побарале лекарска интервенција од брзата помош, за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, пристапиле кон дејствија самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар. Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа, соопшти Обвинителството викендов.

Во соопштението, Обвинителството наведе дека дежурниот командир наредил кои затворски полицакци ќе го спроведат до здравствената установа и кој каде ќе седи при спроводот.

–  Така, надвор од правилата, осуденикот бил сместен во средишниот дел на возилото. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило кон Скопје преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој патем бил без оружје, иако сето тоа го следел не презел никакво дејствие за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука низ возилото барајќи да го сопрат возилото, при што го повредил возачот и возилото застанало, а осуденикот ја отворил вратата, излегол од комбето и се качил во сиво Ауди кое во меѓувреме застанало пред затворското комбе, соопшти Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека се работи на прибирање на информации и сознанија за можното движење на избеганиот затвореник.

-Сите служби работат да се добијат информации за движење на лицето, за да се обезбеди негово приведување. Не може да споделиме повеќе информации и покрај меѓународната потерница што е обврска во вакви случаи да се распише. На основа на добиени информации, се преземени мерки за заштита на одредени лица кои работеле на тој предмет за кое е осудено ова лице и низа на оперативни мерки на прибирање на податоци на други кирминалистички мерки, за дојдеме до информација каде се наоѓа лицето, рече Спасовски во интервју за телевизија 24.

Tags: Беким МеметиКПД ИдризовоМарјан СпасовскиОливер Спасовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ