Не стивнуваат реакциите со осуда и коментари со револт и гнев на социјалните мрежи, откако паметниот споменик поставен во Охрид, на македонскиот поет, писател и културен деец Григор Прличев, бил вандализиран по само 48 часа од неговото ппоставување.
„На 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите,
Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот објави на Фејсбук, проф. д-р Анис Сефиданис.
Од СВР Охрид денеска информираа дека се преземаат мерки за расветлување на настанот.
„На 11.08.2022 година во 19.30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Споменикот, сопственост на Општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот, известува проф. д-р Анис Сефиданис.
Виртуелниот паметен споменик на Прличев, со кој можеше и да се комуницира, беше промовиран во средата.












