• Latest

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

October 14, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

October 14, 2021 14:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грција смета дека веднаш треба да се свика меѓувладината седница за Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори за нивно членство во Европската унија и оти чекорите што Унијата треба да ги преземе во оваа насока треба да бидат брзи и одлучни.

– Европа е нашиот дом и ние сакаме тој дом да се прошири, да ги прифати сите земји од европскиот континент и на тој начин да се воспостави една географска целина и заокружување, а со тоа земјите од Западен Балкан да се приклучат кон заедницата, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, по средбата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Европската перспектива на Западен Балкан, нагласи, е национална политика која Грција ја спроведува скоро две децении.

Сметаме дека чекорите за оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Затоа ги поздравуваме и затоплувањата во однос на проширувањето објавени на Самитот во Брдо и за тоа се насочуваме. Сметаме дека треба веднаш да се свика меѓувладината седница за двете земји, Албанија и Северна Македонија, така што, да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите и со евентуалните забрзувања на проширувањето како за Србија, така и за Црна Гора, рече Варвициотис.

Но, вниманието во регионот, потенцира, не треба да се намали во никој случај, независно од прашањето за меѓувладината седница, кој веднаш и брзо треба да биде свикана.

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи истакна дека во разговорите со Димитров биле разгледани можностите како Грција ќе даде техничко знаење за процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

-Подготвени сме да учествуваме во сите аспекти на европската политика, но подготвени сме и да ја зајакнеме и нашата економска соработка во духот на пријателството и меѓусебното разбирање и добрососедските односи. Добрососедските односи сигурно се потпираат на довербата и правилното спроведување на Договорот од Преспа, рече Варвициотис.

Димитров ја оцени средбата со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи како отворена, срдечна и пријателска, и како средба што доликува на новото поглавје на односите меѓу Грција и Северна Македонија по потпишувањето на Преспанскиот договор.

-Разговаравме пред се за европската иднина на Балканот. Оваа посета за мене меѓу другото е сигнал за грчката поддршка. Таа ја гледаме и во Брисел, ја видовме на Самитот во Брдо, ја гледаме и во јавни изјави на премиерот Мицотакис, вашите изјави… Разговаравме и за Меморандумот за разбирање што веќе го имаме со Грција, за забрзување на евроинтегративните процеси за Република Северна Македонија, за тоа како да имаме поголема соработка меѓу нашите и нивните институции во оваа смисла, рече вицепремиерот Димитров.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре, на покана на Димитров престојува во работната посета на земјава. Предвидено е тој да се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ