Во 2015 година, по склучувањето на Пржинскиот договор, според кој се формираше и СЈО, Груевски се изрази многу позитивно за изборот на Катица Јанева како главна Специјална јавна обвинителка. Потоа, го смени вокабуларот. Во меѓувреме, македонските граѓанки и граѓани масовно излегоа на улиците за никој повеќе, па ни Катица Јанева, да не може да прави злоупотреби.