„Општина Велес годинава ќе го украсува градот за Новогодишните и Божиќните празници со украси и предмети кои веќе ги има на располагање. Нови украси или какви било други предмети нема да се набавуваат што значи дека годинава Општин Велес нема да троши дополнителни финансиски средства за украсување на Градот“, изјави Аце Коцевски, градоначалникот на општина Велес, на прашањето на ЦИВИЛ – Дали оваа година ќе ја украсите вашата општина за Нова година? Ако не ја украсувате, каде и за што ќе ги пренамените средствата кои ви се предвидени за таа намена?
Дехран Муратов