• Latest

Верификувани мандатите на новите пратеници, се очекува изборот на новата влада

August 26, 2020
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
Илустрација: ВИ

Од ноќеска на полноќ до 19 часот утре траат правилата за изборниот молк

October 18, 2025

На осмите локални избори што ќе се одржат утре, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје

October 18, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Да гласаме достоинствено, со мир и одговорност

October 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Верификувани мандатите на новите пратеници, се очекува изборот на новата влада

August 26, 2020 09:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието доцна синоќа ги верификуваше мандатите на пратениците кои доаѓаат на местото на идните министри во владата. Седницата траеше долго со неколкучасовни паузи бидејќи поединечно беа констатирани оставките на идните министри, а потоа по добивањето на извештајот од Државната изборна комисија, беа верификувани мандатите на идните пратеници.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Левица ја напуштија собраниската седница со образложение дека се постапува неделовнички односно Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница.

Според ВМРО-ДПМНЕ, верификацијата се врши врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.

„Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

СДСМ, пак, излезе со став дека опозицијата со ваквото однесување сака да создаде ситуација во која нема да бидат верификувани мандатите на новите пратеници што во иднина би значело и нефункционално Собрание и нова политичка криза.

„Денешното однесување на опозицијата може да доведе до ситуација во која нема да може да се верификуваат мандатите на пратениците кои доаѓаат на местата на оние кои во иднина ќе бидат министри. Тоа во иднина би значело дека ќе имаме нова легитимна влада, но нема да имаме фукционално собрание. Тоа би значело нова криза. Токму тоа е причината зошто ги преземаме овие чекори. Како одговорна коалиција и одговорни пратеници должни сме да не дозволиме и да спречиме нова криза во следниот период“, нагласи Јован Митрески, координатор на СДСМ од собраниската говорница.

Доцна вечерта седницата ја напуштија и пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива со образложение дека 12 часа се во Собранието и со барање седницата да продолжи денеска на што реагираше претседателот на Собранието, Талат Џафери со објаснување дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство.

Останува отворено и прашањето за бројот на потпретседатели на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага да има пет потпретседатели со што не се согласува опозицијата според која доволни се тројца потпретседатели на законодавниот дом.

Најавите од мандатарот Зоран Заев се дека предлогот за новата влада ќе биде поднесен веднаш штом биде верификуван мандатот на новите пратеници и биде утврден бројот на потпретседатели на Собранието.

„Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада. Денеска до касно ќе трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки. Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за влада. Потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографијата на кандидатите за министри“, изјави вчера Заев.

Новата Влада ќе биде помала, односно ќе има 19 министри, наместо досегашните 26 министри.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ