Веројатноста руските напаѓачи да користат хемиско оружје во Мариупол е многу голема, изјавил за медиумите извор близок до украинското Министерство за одбрана, пренесува Укринформ.
„Веројатноста руските фашисти да користат хемиско оружје е многу голема“, рече изворот, коментирајќи ги извештаите за употреба на хемиско оружје во Мариупол.
Претходно борците на Азовскиот полк соопштија дека во Мариупол руските напаѓачи користеле отровна материја од непознато потекло, која била исфрлена од непријателски летало.
„Пред околу еден час руските окупациски сили употребија отровна супстанца од непознато потекло против украинската војска и цивилите во градот Мариупол, која беше исфрлена од непријателски летало. Жртвите имаат респираторна инсуфициенција, вестибуларно-атактичен синдром“, стои во соопштението.
Се расчистуваат последиците од употребата на непознатата материја, се вели во соопштението.
Д.Мишев