• Latest

Ветинг во МВР

July 1, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ветинг во МВР

Трибината „Ветинг во МВР“ беше посветена на дефинирање и потреба од ветингот кај јавните службеници во институциите за спроведување на законите - пред се правосудството, полицијата, затворските служби, царината и слично- поточно секаде онаму каде што се детектираат ранливите алки во системот - односно реалното влијание или подложност кон коруптивност или други форми на незаконитост

July 1, 2019 15:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ветингот е процес во кој што преку систем на институционализирани проверки на вработените ќе се процени соодветноста на вработените не само за нивната работна позиција туку и во поглед на нивното етичко, но и кривично-правно поведение, а “вис-а ви“ функцијата што ја извршуваат или треба да ја извршуваат. Поентата на овој механизам е да овозможи индивидуален, но и институционален интегритет и кредибилитет, елиминирајќи ги можностите од разните облици на незаконито делување, се разбира -вклучително и коруптивното“, рече министерот Оливер Спасовски на денешната трибина посветена на ветингот во МВР што се одржа во Домот на АРМ во Скопје, а на која учество земаа универзитетски професори, претставници на невладини организации, како и претставници на повеќе институции.

Заради тоа, првично се посочува ветингот кај јавните службеници во институциите за спроведување на законите – пред се правосудството, полицијата, затворските служби, царината и слично- поточно секаде онаму каде што се детектираат ранливите алки во системот – односно реалното влијание или подложност кон коруптивност или други форми на незаконитост.

„Низ призмата на нашето минато, ќе се согласиме дека нам повеќе од неопходно ни е потребен силен, конкретен исчекор во конечното втемелување на принципите на правната држава, односно владеењето на правото. Недостатоците со кои се соочувавме во рамките на правосудниот и безбедносниот систем во минатото и чии рецидиви се провлекуваат и до ден денес, ја наметнуваат потребата да пристапиме кон проверка на интегритетот на секој вработен во овие системи. Имено, од првиот момент од кога сум на оваа функција, апсолутно сум свесен дека ова министерство како орган на државната власт е најодговорно за остварување на системот на јавната безбедност, во рамките на кои е заштитата на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот и законите и како такво во ова министерство, од круцијално значење е прашањето за интегритетот на секој работник на Министерството, односно на полицијата“, рече министерот Спасовски.

Ветингот е крајно сериозен, сложен процес кој што не трпи импровизации, недоречености или површности. Затоа, ја организираме оваа дебата со намера да ја вклучиме стручната и друга јавност и преку сеопфатна размена на идеи, искуства, сознанија, анализи да дојдеме до најоптималниот концепт прифатлив и применлив за нашето општество за институциите, за граѓаните.

„Искажуваме подготвеност и решително и свесно влегуваме во сложен и долг процес заради обезбедување чесни, кредибилни, посветени и одговорни работници, преку проверка и евалуација на нивните вештини, компетенции, што е во насока на воспоставување на силна институција која ќе биде гарант на стабилноста и безбедноста во нашата држава. Ветингот ја дава можноста за своевидно ослободување или прочистување на институциите од системот од влијанијата – било политички, било економски, или други, кои што како исходиште ја имаат коруптивноста и криминалот. И, притоа наметнувајќи ги законитоста и интегритетот како единствена содржинска, а не формална потреба, како примарна институционална, но и персонална карактеристика во работењето во јавната сфера“, рече Спасовски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ