• Latest

Веибо: Фабриката не работи поради неможноста да ги исполниме договорните обврски

March 3, 2018
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Веибо: Фабриката не работи поради неможноста да ги исполниме договорните обврски

March 3, 2018 10:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еден месец по затворањето на производствениот погон за текстил “Веибо” во Крива Паланка, што резултираше со прекин на работниот однос на 210 работници, сопственикот и управител на текстилната компанија “Веибо Груп”-Македонија, Мустафа Иршат-Канџа се огласи преку соопштение во кое вели дека не станува збор за тоа дека не можело да се обезбеди работа за фабриката, туку раководството не можело да го сработи договореното и навремено да го испорача на нарачателот.

– Првичната замисла беше да се отворат производствени погони во слободна економска зона Ранковце, каде би биле вработени над 6.000 лица, а со договорот за откуп на земјиштето се обврзав за вработување на 2.000 лица. Проблемот беше што не можевме да најдеме соодветен кадар, па почнавме да вработуваме и лица без квалификации, што резултираше со мала продуктивност, производи кои не ги задоволуваа стандардите и ненавремена и нецелосна испорака на стоката до нарачувачот, заради што станавме неконкурентни на пазарот, вели Канџа во соопштение.

“Веибо груп” на поранешните вработени, чиишто договори за работа истекоа на 31 јануари годинава, им должи три плати, исплата на придонеси за пензиско и здравствено осигурување и прекувремени работни часови.

Од 1 февруари досега, 210-те вработени ја блокираа во повеќе наврати магистралата А2, Куманово -Крива Паланка, протестираа пред Општината и пред погонот на фабриката, повикувајќи ги менаџментот и управителот да им ги исплатат платите.

– По неможноста да обезбедиме соодветен кадар и да го реализираме договорот, се обративме до тогашната влада, барајќи негово ревидирање и ослободување од пенали, но не наидовме на разбирање. По смената на власта со нашиот проблем беше запознаена и новата влада, која, исто така, немаше слух за нашите проблеми и го продолжи односот кој го имаа нивните претходници

Како компанија никогаш не сме го оспориле долгот кој го имаме кон нашите вработени, ниту бегаме од таа обврска, единствено бараме соодветно решение на проблемот и разбирање, како од работниците, така и од властите,се вели во соопштението.

Канџа во ова соопштение наведува дека никогаш не добил ниту едно евро субвенции за вработувања или  каква било друга помош од државата.

Работниците, преку претставници на Иницијативниот одбор, пак велат дека не бараат ништо повеќе од она што го сработиле, ниту пак прифаќаат помалку од она што им следува.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: "Веибо Груп"-МакедонијавработениМустафа Иршат-КанџапрекинПротестработа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ