Лидерот на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ изјави дека неговата партија постигнала голема победа, наспроти злоупотребата на државните ресурси. Тој изјави и дека очекува што поскоро да се формира Влада.
Спајиќ најави дека ПЕС ќе разговара со сите со кои споделуваат заеднички вредности.
На прашањето со кого ќе формираат влада, Спајиќ рече дека јасно кажал со кого нема да коалицира – со Демократската партија на социјалистите и Граѓанското движење УРА.
Спајиќ не одговори на прашањето за можна коалиција со листата „За иднината на Црна Гора“ и како Европската Унија би реагирала на неа. Тој рече дека вечерва е време за славење и дека утрото е попаметно од вечерта.
На парламентарните избори во Црна Гора, врз основа на 90,5 отсто од обработениот примерок, Европа сега има 25,5 отсто или 23 мандати, ДПС-СД-ДУА-ЛП 23,8 отсто или 22 мандати, додека коалицијата НСД, ДНП I РП освоила 14,7 отсто или 13 мандати, изјави извршната директорка на Центарот за мониторинг и истражување, Ана Ненезиќ, на прес конференцијата околу 22 часот.
Џ. Д.