• Latest

( ВИДЕО) Прес-конференција Пендаровски-Чапутова: Земјите-членки на ЕУ да го следат принципиелниот однос на Словачка во поддршката на македонските евроинтеграции

September 7, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

( ВИДЕО) Прес-конференција Пендаровски-Чапутова: Земјите-членки на ЕУ да го следат принципиелниот однос на Словачка во поддршката на македонските евроинтеграции

September 7, 2022 12:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Словачка, по што претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Пендаровски и посака добредојде на гостинката од Словачка при што истакна дека пријателството меѓу нашите две држави е засновано врз взаемната поддршка и почит, соработка во областите од заеднички интерес, но, пред сѐ, врз длабоките културни врски, за што е најзаслужно наследството на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа наследство не потсетува на заедничкото минато, но, и не упатува на заедничката европска иднина, како своевидна мисија на обединување, токму како онаа на сесловенските просветители на времето.

Тој истакна дека оваа посета го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон Европската Унија е веќе започнат. Нам ни се добредојдени словачките искуства од процесот на пристапување кон Унијата, кои сигурно ќе ни бидат од голема помош во тој процес.

Пендаровски во оваа прилика се заблагодари за постојаната и исклучително гласна словачка поддршка за македонските евроинтеграции.

Токму кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкулации, не поддржуваше во сите ситуации, изјави Пендаровски.

Тој изрази надеж дека во иднина сличен пристап  ќе имаат сите земји-членки, следејќи го токму принципиелниот однос на Словачка, како една од движечките сили на Вишеградската група.

Во тој контекст, со претседателката Чапутова разменивме мислења и за зајакнување на регионалната соработка како важен сегмент во евроинтеграциите, при што разговаравме за успешниот модел на земјите од Вишеградската група чие што искуство може да биде корисен пример и за земјите на Западниот Балкан, рече Пендаровски.

Инаку, оваа посета се реализира во еден критичен момент за Европа. Како држави – членки во НАТО разговаравме и за безбедноста на континентот, во контекст на војната во Украина и последиците од неа кои сите ги чувствуваме, дополни претседателот.

Тој нагласи дека посебен фокус во разговорите беше интензивирањето на економската соработка која не го има достигнато својот реален потенцијал, иако билатералната трговска размена во последните 5-6 години бележи константен раст. Претседателот изрази очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега откако ги почнавме преговорите со Унијата.

На крајот, би сакал да го изразам моето уверување дека во следниот период односите меѓу Северна Македонија и Словачката Република ќе бидат кренати на уште повисоко ниво, а за тоа, освен споделените европски вредности и блиските културни и духовни врски, ќе придонесе и отворањето на нашата амбасада во Братислава. Во текот на овој месец, очекувам нашиот прв резидентен вонреден и ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република, изјави Пендаровки на пресот.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ