Шефот на приватната платеничка војска „Вагнер“, Пригожин, тврди дека ја презел контролата врз два региони во Руската Федерација – Ростов и Воронеж. Овие тврдења не се потврдени.
Рано утрово, на 24 јуни, се појавија аматерски видео снимки од тенковската опсада на градот Ростов на Дон и мапи со областите кои, наводно Пригожин има целосна воена контрола.
Украински извори за ЦИВИЛ Медиа нагласуваат дека, доколку ги повлече сите војници од Африка, Пригожин може да располага со околу 25.000 војници, што е далеку помал број од тие што ги имаше под своја команда пред нападот на Бахмут, Украина.
Ситуацијата во Русија е крајно неизвесна. Путин најави видео обраќање, но сѐ уште го нема.
Џ. Д.