Висок руски генерал загина во експлозија на автомобил во рускиот град Балашиха во петок наутро, според властите.
Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили, загина во експлозија на „Фолксваген Голф“, се вели во соопштението на Истражниот комитет на Русија, пренесува Си-ен-ен.
Експлозијата била предизвикана од импровизирана експлозивна направа полна со шрапнели, се додава во соопштението