На Самитот на ЕУ во Софија, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за една опција како можно решение за името. Неофицијално, утре премиерот Заев ќе ги информира парламентарните партии и претседателот Иванов за средбата со Ципрас и предлогот за името.
Она што остана од вчера до денес, е тоа колку вистина има во информацијата дека идното имe на државата ќе биде Република Илинденска Македонија? На социјалните мрежи може да се забележи резервираноста и потсмевот во коментарите за ваквото решение, па дури и се коментира како намерно пуштен спин за да се опипа пулсот на јавноста.
Од друга страна, во медиумите излезе информација дека министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, слушнал за Илинденска Македонија, но предупредил дека треба да се има на ум дека Илинденското востание е бугарско востание и да не се игнорира историјата.
ЦИВИЛ Медиа ги праша и граѓанките и граѓаните што мислат за предлог-името. Бидејќи официјално сè уште се во игра и останатите придавки Горна, Долна, Северна…, мислењето на јавноста како можни, идни Илинденски Македонци, е или името не го даваме или тие што ги одбравме се попаметни, па нека одлучат.
Македонската Влада молчи. Домашните медиуми анализираат, а грчките медиуми известуваат дека со овој предлог Заев излегол пред Ципрас. Дали Атина ќе калкулира кои се предностите и каде е замката или ќе остави прессметките да ги направи Македонија, останува доправа да видиме.
Б. Јордановска