• Latest

Вистиномер: 3Д анимација претставена како вистинска снимка од рускиот напад врз Украина

March 3, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: 3Д анимација претставена како вистинска снимка од рускиот напад врз Украина

March 3, 2022 11:58
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото не е вистинско, туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија. Авторот на видеото има над 90 илјади претплатници на Јутјуб, а за странски проверувачи изјавил дека не станува збор за видео од Украина, туку за анимација што самиот ја направил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме видеоснимка којашто беше пласирана во медиумите во светот, а не ја прескокна ниту Северна Македонија, а се однесува на борбите што се водат во Украина по руската инвазија. Видеоматеријалот е објавен и преземен од социјалната мрежа „Тик Ток“, а на него се гледа наводен руски авионски напад врз Украина.

Во извештаите на дел од македонските медиуми (пример може да погледнете на следниот линк), се посочува дека ,,небото над Украина е буквално исполнето со руски авиони кои летаат на сите страни, додека пак, украинското противвоздушно оружје се обидува да ги сруши“. Ваквата информација датира од 24 февруари 2022 година, односно објавена е дента кога започна руската инвазија врз Украина.

Меѓутоа, видеото не е вистинско туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија.

Авторот споменува дека е 3Д аниматор, а видето со наслов на шпански јазик е објавено на неговиот канал на Јутјуб на 29 октомври 2021 година. Насловот гласи: „Сакавте да знаете како е да се биде во Втората Светска Војна? Ова е за вас!”.

 

Во описот на видеото пишува:

Ова е мала компилација од моите анимации кои се однесуваат на Втората Светска војна. Ќе се обидам да ги одведам анимациите подалеку од воздушната борба. Сакам да ја создадам битката на Тигар 1 против Шерман М4. Многу прегратки, ако ви се допаѓа, претплатете се!

Овој 3Д аниматор има над 90 илјади претплатници на Јутјуб. Во видеото се гледа дека освен посоченото видео, направил и други 3Д анимации од воени дејства.

Странски проверувачи на факти, се обратиле до сопственикот на Јутјуб каналот и добиле одговор:

Ова е само анимација што ја направив. Не е видео за Украина.

Ако повнимателно се разгледа видеото, може да се види дека авионите кои се прикажани на небото и погрешно презентирани како да се руски авиони во Украина, не се во движење, туку само лебдат во место. Тоа самото по себе е индикативно.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека споделениот видеоматеријал не е реална, веродостојна и вистинска снимка од руски авионски напад врз Украина, туку претставува 3Д анимација објавена месеци пред руската инвазија врз Украина.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    237 shares
    Share 95 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ