• Latest

Вистиномер: ФДА не рекла дека вакцините убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат

October 4, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: ФДА не рекла дека вакцините убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат

October 4, 2021 12:20
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Стив Кирш не е вработен во Американската агенција за храна и лекови (ФДА), па оттука и неговите ставови во никој случај не можат да се оценат како ставови на Агенцијата, ниту, пак, може да се каже дека имало превирања во ФДА во врска со квалитетот на вакцините. Кирш не е медицинско лице и неговите наводи не се научно базирани. Тој се повикува на системот ВАЕРС до кој несакани ефекти по вакцинација може да пријави секој. Според тоа, тврдењето во овој пост на Фејсбук, дека ФДА излегла со став оти вакцините против ковид-19 „убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“ е дезинформација. Тоа е став на поединец, кој нема никаква врска со ФДА, пишува Вистиномер.мк.

Пост на Фејсбук шири дезинформации дека вработен во Американската агенција за храна и лекови (ФДА), Стив Кирш, изјавил дека вакцините против ковид-19 убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат. Ова не е точно, бидејќи Агенцијата не излегла со таков став, а Кирш не е вработен во ФДА.

ПРЕВИРАЊА ВО ФДА!

УБИСТВЕНИТЕ ВА*СИНИ, ГРИЖА НА СОВЕСТ ИЛИ ???

▪︎Иако Кирш е електро инжинер во ФДА, јавно проговори за оставката на двајца водечки службеници, поради масовното политичко  мешање во интерес на органите за лекови!

▪︎Кирш ја критикуваше сомнителната безбедност на ва*сините и очигледното незнаење во пријавувањето на сомнителни несакани ефекти.

▪︎ Се фокусирал на слонот во собата, за кој никој не сака да зборува,  дека ВА*СИНИТЕ УБИВААТ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ, ОД КОЛКУ ШТО СПАСУВААТ!, се вели во објавата која ја анализираме.

Постот се повикува на наводи од текст објавен од веб-страница која неретко објавува дезинформации и теории на заговор поврзани со пандемијата.

Точно е дека Стив Кирш, кој, патем, не е ниту доктор, ниту медицински експерт, изјавил дека „вакцините убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“. Ваквата негова изјава ФДА ја оцени како изјава која „не се базира на научни докази“.

Забелешките на Кирш биле дадени за време на делот за отворени коментари на состанокот на комитетот на ФДА одржан на 17 септември, посветен на бустер вакцината на „Фајзер“.

На снимката на која се слуша неговото обраќање за време на отворениот дел на состанокот на ФДА, Кирш се претставува себеси како извршен директор на Фондот за рано лекување на ковид-19, фонд кој промовира антивирусни лекови.

Изјавите дадени од г-дин Кирш за време на отворениот јавен претрес на состанокот не беа базирани на наука и се спротивни на мисијата на ФДА за јавното здравје, изјавила за Агенцијата „Франс прес“ (АФП) Абигејл Капобијанко,лице за односи со јавност на ФДА.

Од ФДА во изјава за „Ројтерс“ посочиле дека Кирш никогаш не бил вработен во ФДА, ниту, пак, бил член на Советодавниот комитет за вакцини и сродни биолошки производи на ФДА. Американскиот претприемач поднел барање да зборува на отворениот јавен претрес на состанокот кој е отворен за секого, се наведува во соопштението на ФДА.

ФДА однапред не ги проверува забелешките од говорниците за време на отворениот дел за јавна расправа на состанокот. Понатаму, изјавите дадени од г -дин Кирш за време на отворениот јавен претрес на состанокот не беа базирани на наука и се спротивни на мисијата за јавно здравје на ФДА,изјавил за Ројтерс портпаролот на Агенцијата за храна и лекови.

ВАЕРС Е РАН СИСТЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Неколкупати во своето излагање Кирш се повикува на ВАЕРС, американскиот систем за пријава на несакани ефекти по вакцинација. Официјалниот опис на ВАЕРС вели дека системот „содржи информации за непроверени извештаи за несакани дејства (болести, здравствени проблеми и/или симптоми) по имунизацијата со вакцини со дозвола од САД“, и дека прифаќа извештаи „од никого“.

ВАЕРС системот користи метод на широк дијапазон на информации, научен пристап со кој огромен број на груби и дури и недоверливи информации се спојуваат, за да се најдaт врските меѓу нив. Индивидуалните пријави и сите детали во нив не се потврдени и верифицирани, станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел! Станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење!

Капобијанко во изјава за АФП рекла дека „ФДА бара од здравствените работници да пријават каква било смрт по вакцинацијата против ковид-19 на ВАЕРС, дури и ако не е јасно дали вакцината била причината“.

Ова значи дека извештаите за несакани реакции до ВАЕРС по вакцинацијата, вклучително и смртни случаи, не мора да значат дека вакцината предизвикала здравствен проблем, изјавила таа, нагласувајќи дека смртноста по вакцинацијата против ковид-19 е ретка.

Повеќе од 380 милиони дози вакцини против ковид-19 беа администрирани во Соединетите држави од 14 декември 2020 година до 13 септември 2021 година. За ова време, ВАЕРС прими 7.653 пријави за смрт (0,0020%) меѓу луѓето кои примиле вакцина против ковид- 19, изјавила Капобијанко.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Кирш не е вработен во ФДА, па оттука и неговите ставови во никој случај не можат да се оценат како ставови на Агенцијата, ниту, пак, може да се каже дека имало превирања во ФДА во врска со квалитетот на вакцините. Кирш не е медицинско лице и неговите наводи не се научно базирани. Тој се повикува на системот ВАЕРС до кој несакани ефекти по вакцинација може да пријави секој. Според тоа, тврдењето дека ФДА излегла со став дека вакцините против ковид-19 „убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“ е дезинформација. Тоа е став на поединец кој нема никаква врска со ФДА.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ