• Latest
Фото: МИА

Вистиномер: Фејсбук објава шири делумно неточни информации за безбедноста на вакцината од АстраЗенека

February 16, 2021
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Фејсбук објава шири делумно неточни информации за безбедноста на вакцината од АстраЗенека

February 16, 2021 10:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук шири донекаде неточни и половични податоци за составот на вакцината на АстраЗенека, создавајќи забуна кај јавноста во врска со нејзината безбедност. Постот во моментот на нашата рецензија има над 300 интеракции (реакции, коментари и споделувања), пишува Вистиномер во својата нова анализа.

Во објавата се изнесени неколку работи:

„Вакцини, вакцини вакцини, не отекоа со вакцини, па јаде да ги видиме ФАКТИТЕ
Најнова официјална вест е дека ќе стигнале Вакцините на Астра Зенека до крајот на месецов па ајде да видиме што содржат дирекно од нивното пакување (секој треба да знае што содржи пред да му ја вбризгаат)
Еве ги состојките:
– Аденовирус од Шимпанзо
– Генетски модифицирани клетки од бубрези на човечки абортиран ембрион(обично користат фетус стар 14 недели) затоа и се чува на температура под – 70°С
– останати штетни токсични хемикали“, стои во објавата и се додава дека таа не е одобрена од Агенцијата за храна и лекови.

Ќе тргнеме со ред. Во постот пишува дека вакцината не е одобрена од Агенцијата за храна и лекови, но не прецизира која агенција, дали американската (ФДА) или европската (ЕМА). Европската агенција за лекови (ЕМА) на 29 јануари ја одобри употребата на вакцината против ковид-19, која ја разви британско-шведската компанија АстраЗенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд. Истиот ден, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека оваа вакцина е одобрена во Европската унија. Како што претходно нагласи ЕМА, употребата на вакцината се однесува на популацијата над 18 години. Ако, пак, станува збор за македонската Агенција за лекови и медицински средства, вакцината сигурно ќе ги помине сите неопходни законски механизми на патот кон нејзиното одобрување, пред да почне да се користи.

Понатаму во Фејсбук-постот се тврди дека вакцината се чува на температура под -70 Целзиусови степени. И ова не е точно. На толку ниски температури се чува вакцината на Фајзер. Вакцината на АстраЗенека се чува во обични фрижидери, а рокот на употреба на умерено ниска температура е до шест месеци.

Каков е составот на вакцината?

Информациите за тоа што содржат вакцините против ковид-19 се јавно достапни на сајтот на Универзитетот во Оксфорд и на официјалната веб страница на британската влада. Според тоа, лесно може да се проверат информациите изнесени во Фејсбук-објавата што ја рецензираме. Во постот се тврди дека една од состојките на вакцината на АстраЗенека е „аденовирус од шимпанзо и дека содржи генетски модифицирани клетки од бубрези на човечки абортиран ембрион (обично користат фетус стар 14 недели)“, пишува Вистиномер.

Активната состојка на вакцината на АстраЗенека против ковид-19 е направена од модификуван аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Овој вирус е модификуван така што не може да предизвика инфекција, а служи за испорака на генетски код за спајк протеинот на коронавирусот, се наведува во објаснувањето на Универзитетот во Оксфорд.

На сајтот на Универзитетот е објаснето како во производството на вакцината се користи аденовирусот.

Процесот на производство на вакцината вклучува производство на вирусот, аденовирус, кој пренесува генетски материјал до ќелиите внатре во телото. За производство на тој вирус во лабораторија потребна е ќелијска линија на ‘домаќинот’. За некои вакцини, за овој процес се користат пилешки ќелии, а за други, за производство на вирусот се користат човечки ќелии.

Вакцината на АстраЗенека ја користи ќелијската линија која се нарекува ХЕК-293.

ХЕК-293 е назив кој се дава на одредени линии на ќелија која се користи во разни научни примени. Оригиналните ќелии се земени од бубрегот на легално абортиран фетус во 1973 година. ХЕК-293 ќелиите кои денес се користат се клонови на тие оригинални ќелии, но самите не се ќелии на абортиран фетус.

Значи, во оваа вакцина има модификуван аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Тој не може да предизвика инфекција, туку служи за испорака на генетски код за спајк протеинот на коронавирусот. Во вакцината нема генетски модифицирани клетки од бубрези од абортирани бебиња, туку станува збор за клонови од оригинални ќелии на легално абортиран фетус од 1970-тите.

И АстраЗенека и Фајзер во вакцините користат генетска технологија за генерирање на имунитетски одговор. За вакцината на АстраЗенека е користена технологијата ChAdOx1 која ја развил Институтот Џенер и во текот на последните години ја оптимизирал, а е тестирана за многу други болести, како што се грипот и МЕРС.

Останати состојки

Постот понатаму тврди дека има останати штетни токсични хемикалии, но не прецизира кои се тие.

Вакцината на АстраЗенека, како и онаа на Фазер, има состојки кои се вообичаени во вакцините. Тоа се сахароза и регулатори на киселост како што се хистидин и соли на натриум и калиум, се наведува на официјалниот сајт на Универзитетот во Оксфорд.

Вакцината, исто така, содржи некои неактивни состојки како што се полисорбат 80, емулгатори и многу мала количина на алкохол (0,003 мг по доза). Во вакцината уште се наоѓаат и траги од магнезиум (3 до 20 делови на милион).

Нагласено е и дека сите присутни состојки се присутни во многу мали количини, како и дека нема докази дека во тие количини можат да нанесат штета.

Во вакцината нема производи од луѓе или животни како ни вообичаени алергени (латекс, млеко, лактоза, глутен, јајца, пченка, кикирики).

Живата никаде не се спомнува, а алуминиум има, но само во форма на дополнителна заштита под затворачот на шишенцето во кое е спакувана вакцината.

Постот содржи дезинформации и непотполни информации, на јавноста не ѝ нуди сеопфатни факти, туку своеволни видувања и толкувања на состојките на вакцината, кои се јавно достапни и не се никаква тајна. Вака пренесен постот може само да предизвика несигруност кај јавноста во однос на безбедноста на вакцината на АстраЗенека, која во Македонија се очекува да пристигне во март преку КОВАКС-механизмот, пишува Вистиномер во својата нова анализа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ