• Latest

Вистиномер: Не е точна изјавата на Глен Бек дека САД побарале од македонските власти да не примаат бегалци од Авганистан

August 28, 2021
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точна изјавата на Глен Бек дека САД побарале од македонските власти да не примаат бегалци од Авганистан

August 28, 2021 14:52
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на коментаторот и водител од САД, Глен Бек, дека Стејт Депратментот на САД „и кажал на Македонија да прекине со примањето бегалци од Авганистан“ е недвосмислено демантирано од страна на властите во земјава. Подготовките за приемот продолжуваат, а политиката според која бегалците ќе бидат примени во земјава не е сменета и тие се очекуваат набрзо, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа.

Текстот подолу го пренесуваме интегрално:

Конзервативниот американски коментатор, радио и ТВ водител, како и сопственик на интернет радио и ТВ мрежата Д Блејз (The Blaze), Глен Бек, пренесе исечок на Твитер од синоќешниот разговор со републиканскиот сенатар Том Котон од сојузната држава Арканзас.

Во самиот твит Бек вели дека чул за извештаи оти Стејт Департментот на САД „и кажал на Македонија да прекине со приемот на бегалци од Авганистан“, додавајќи и дека сентарот Котон, исто така, слушнал ва вакви извештаи.

Во видео исечокот сенаторот Котон потврдува дека навистина слушнал за вакви „конкретни извештаи“, а Бек, пак, вели дека во текот на вчерашниот ден тој самиот барал локација која би можела да прими бегалци од Аганистан „само да ги задржи“, како и дека „една од тие локации била Македонија“, но „амбасадорот (на САД се јавил некому во земјава – н.з.) или амбасадорот на Македонија добил повик од Стејт Департментот и му било речено да не се примаат овие луѓе.“

(Извор: Твитер, датум: 26.08.2021)

„Вистиномер“ се јави во Владата на Северна Македонија со барање за дополнителни информации, прашаувајќи, пред сè, дали до нив навистина стигнало вакво барање од надлежните од САД, при што ни беше речено дека наводите во видеото се невистинити:

Тоа не е точно. Владата веќе има одобрено прифаќање на 780 граѓани од Авганистан со цел спасување на нивните животи. Целокупната хуманитарна мисија од страна на Владата се реализира во целосна координација со САД.

Сличен одговор добивме и од Министерството за надворешни работи.

Наспроти тврдењето на Бек, премиерот Зоран Заев, истиот ден (26.08.2021), најверојатно само неколку часа претходно, ја повтори заложбата Македонија да прими бегалци од Авганистан:

Еден човек да спасиме, мислам дека го спасуваме светот. Даваме солидарна помош, ние се јавивме и ние се понудивме заедно со нашите стратешки партнери како земја согласно нашите можности и капацитети, солидарно да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредности со демократскиот свет во делот на прифаќањето луѓе од Авганистан кои се под закана за губење на своите животи, рече Заев пред новинарите.

Глен Бек во текот на својата копментаторска радио и ТВ кариера, во текот на годините промовираше серија теории на заговор за претседателот Барак Обама и за Џорџ Сорос, меѓу останатите.

Тој изјави оти Обама градел концентрациони логори преку американската агенција за управување со кризи (ФЕМА), во кои би требало да бидат сместени неговите политички опоненти, лажно тврдеше дека Џон Холдрен, кој беше директор на Бирото за наука и технологија во администрацијата на Обама „предложил присилни абортуси и ставање средства за стерилизација во водата за пиење за да се контролира популацијата“ и слично. Покрај тоа, Бек беше и еден од многуте поропоненти на теории на заговор против Џорџ Сорос. Тој лажно тврдеше дека како момче Сорос помагал „Евреите да бидат испратени во камповите на смртта“ и постојано ја повторуваше недокажаната конспирациска теорија дека Сорос ја предизвикал Азиската финансика криза во 1997 година, изјави заради кои потоа требаше да се извинува, иако таквите извнинувања беа прифатени со резерва во многу кругови.

Првите бегалци од Авганистан веќе пристигнаа во Тирана и наскоро се очекува нивното пристигнување и во С. Македонија. Во јавноста се говори и за трошоците кои ќе треба да се платат за приемот на беглаците, при што сумата која се спомнува е минорна. Во секој случај, нема никаква назнака на јавната сцена за било какво откажување од приемот на бегалците, а познат е и нивниот профил, при што премиерот Заев рече дека меѓу нив ќе има „миротворци и активисти за човекови права, жени, деца, луѓе кои влијаеле на демократијата и биле асистенти и на нашата армија.“

Со оглед на сето ова, тврдењето на коментаторот и радио и ТВ водител од САД, Глен Бек, објавено на неговата медиумска мрежа „Д Блејз“ го сметаме за невистинито, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ