• Latest

Вистиномер: Не е точно дека во Скопје паднал руски воен дрон

April 6, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека во Скопје паднал руски воен дрон

April 6, 2022 22:07
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Извори од МВР за медиумите потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот на Арачиново, но не нашле ништо. Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира објавата. Имено, во Загреб не падна руски воен дрон, туку, како што изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, станува збор за летало од руско производство, но не се знае дали било во сопственост на руската или украинската армија. Оттука не може да се зборува за руски воен дрон, како оној во Загреб, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук пласира информација дека во Скопје паднал руски воен дрон исто како во Загреб. Оваа информација, која е објавена на порталот Мкденес, не е точна и очигледно има за цел да собере повеќе кликови и да шири паника во јавноста.

Во написот кој го пренесува постот се вели дека во атарот на селото Бујковци очевидци изјавиле дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал. Поради тоа полициски екипи излегле на терен.

Сè уште не е познато за што се работи, бидејќи во моментот на случувањето на инцидентот немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Претпоставката е дека станува збор за руски воен дрон, залутан од боиштата во Украина, се вели во написот што го анализираме.

Написот се повикува на информација која ја објави телевизија Телма. Според првичните информации на Телма, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.

Веста за наводен пад на воздухоплов ја пријавиле локалните жители на селото Бујковци, а пријавата ја упатиле до МВР, додека слични јавувања имало и во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извори од МВР за Телма потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот, но не нашле ништо.

Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира написот кој е предмет на нашата анализа. Имено, во Загреб не падна руски воен дрон, туку, како што изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, станува збор за летало од руско производство, но не се знае дали било во сопственост на руската или украинската армија. Оттука не може да се зборува за руски воен дрон, како оној во Загреб.

Вакви претпоставки нема, туку има само пријава за некакво летало, а какво било тоа летало, не може со сигурност да се каже од причина што истото не е пронајдено ниту пак е потврдено дека некакво летало паднало во атарот на селото Бујковци.

Дека полицијата не пронашла паднато летало во атарот на Арачиново од МВР потврдиле и за Канал 5 телевизија.

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб, но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

Од сето ова можеме да заклучиме дека написот кој го анализираме е делумно неточен. Точна е информацијата дека било пријавено дека непознато летало наводно паднало, но такво летало не е најдено, а уште помалку, пак, е потврдено дека станува збор за руски воен дрон залутан од украинските боишта.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ