• Latest

Вистиномер: Не е вистина дека „Фајненшл Тајмс“ објавил фотографија од сириски бегалци наместо украински

April 5, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Вистиномер: Не е вистина дека „Фајненшл Тајмс“ објавил фотографија од сириски бегалци наместо украински

April 5, 2022 14:31
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографијата има свој извор и авторските права му припаѓаат на фотографот Дан Китвуд кои можат да се најдат на базата на фотографии „Гети“. Пребарувањето на „Гети“ за делата на овој автор потврдува дека фотографијата е автентична и снимена баш како што пишува, во Лавов, а лицата на фотографијата се украински бегалци, пишува „Вистиномер“.

Фејсбук објава тврди дека престижниот британски медиум „Фајненшл Тајмс“ манипулира со фотографија објавена од бегалци, односно дека ги преставува како украински, а всушност се од Сирија. Ова е неточна информација.

Фајненшл тајмс ги прогласи сириските бегалци – украински

LONDON Financial Times го илустрираше текстот за украинските бегалци со фотографија од Сирија.

Може да се случи и поради професионална „опуштеност“ и склоп на  околности.

Но, што ако не е ниту невнимание ниту случајност?

Ако фотографијата со сириските бегалци била објавена намерно?

Тоа, во секој случај, не би било премногу изненадување.  Со овој „спорт“ со децении се занимаваат британските и американските медиуми …

Текстот на оваа објава е преземен од веб-страницата fakti.org која објавува написи на српски јазик, со проруски наратив, а притоа нема никакви податоци за тоа кој го раководи и финансира порталот, нема импресум ниту пак автори на текстовите.

Она што e неточно, а се тврди во објавата е дека Фајненшл Тајмс манипулира со објавени фотографии, односно не е вистина дека текст за украинските бегалци е илустриран со фотографија од Сирија.

На текстот со наслов „Милиони Украинци бараат безбедност во границите на земјата разурната од војна“ прикачена е фотографија од група лица коишто се движат и со себе носат багаж.

Фотографијата има и свој извор. Авторските права му припаѓаат на фотографот Дан Китвуд кои можат да се најдат на базата на фотографии Гети. Пребарувањето на Гети за делата на овој автор потврдува дека фотографијата е автентична и снимена баш како што пишува на истата – во Лавов.

Над фотографијата стои дека е направена на 11 март 2022 година во Лавов, Украина со опис: „Патници ја напуштаат железничката станица откако се симнаа од возовите од истокот на 11 март 2022 година во Лавов, Украина. Повеќе од два милиони луѓе ја напуштија Украина по големиот напад на Русија врз земјата, при што стотици илјади Украинци поминаа низ Лавов на пат кон Полска“.

Освен оваа една фотографија, на профилот на авторот можат да се најдат уште десетици слични фотографии од украински бегалци снимени на железничката станица во Лавов.

Тврдењата дека мејнстрим медиумите наводно споделуваат лажни вести за ситуацијата во Украина откако Русија изврши инвазија стануваат се позачестени во јавниот простор, како еден од начините за ширење воена пропаганда.

Така е и во случајов, за објавата за која констатираме дека е невистинита, односно не е точно дека текст за украинските бегалци на „Фајненшнл Тајмс“ е илустриран со фотографија од Сирија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    234 shares
    Share 94 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ