• Latest
Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Вистиномер: Шпекулација е дека Полска ќе испраќа војници во Украина

May 26, 2022
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Шпекулација е дека Полска ќе испраќа војници во Украина

May 26, 2022 22:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Војници Полска. Фото: EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Share on FacebookShare on Twitter

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на мај по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност. Тој предупреди на дезинформациите на оваа тема, велејќи: „Не верувајте во такви неосновани вести дека „Полска сака да се вклучи во војната, а полските војници ќе бидат испратени во војна“, пишува Вистиномер.мк.

Фејсбук објава тврди дека членка на НАТО директно и официјално влегла во конфликтот во Украина и дека наскоро се подготвува мобилизација и кај нас. Ова е невистинита информација.

Еве ја првата членка на НАТО што директно и официјално влегува во конфликтот во Украина. Ова е првото домино, сега на ред се другите и не може да се спречи. Северџани и соороспии спремајте се, мобилизацијата е блиску. Ќе имате шанса да гинете за вашите НАТО идеали, стои во објавата.

На Фејсбук објавата прикачен е принтскрин од медиуски напис чиј наслов тврди дека „два баталојни полска пешадија пристигнаа во Украина“.

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. И тоа е сè. Нема никаква друга информација која што може да се најде во медиумскиот простор која што би можела да биде дополнителна потврда за ова тврдење. Нема ниту фотографии ниту видеа од полските трупи на украинска територија кои се борат против Русија.

Впрочем и фотографијата која е употребена за овој напис е од полски војник снимена на полско-белоруската граница во Коден, Источна Полска на 27 јануари оваа година, а не од полски војник во Украина снимена сега.

Кој е Семјон Пегов?

Семјон Пегов е поранешен новинар на рускиот ТВ канал LifeNews во Донбас, источна Украина. Во 2017 година, тој стана проруски воен блогер и сега има 800.000 следбеници на Јутјуб и над еден милион следбеници на Телеграм. Тој ги покриваше протестите во Белорусија против реизборот на претседателот Лукашенко во август 2020 година, како и војната во Нагорно-Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан во есента 2020 година. Денес, Пегов е дел од баталјонот „Сомалија“ на вооружените сили на Доњецката Република и споделува видеа на Телеграм од нивните секојдневни операции. Но, неговите објави често се полни со дезинформации.

Впрочем, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на мај по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност.

Тој предупреди на дезинформациите на оваа тема, велејќи: „Не верувајте во такви неосновани вести дека „Полска сака да се вклучи во војната, а полските војници ќе бидат испратени во војна“.

Се разбира, ако е потребно да ја одбраниме нашата земја, ќе ја браниме. Но, нема индикации дека ќе бидеме нападнати, рече тој.

Полска му обезбеди воена помош на својот сосед, но таа не изрази никакви планови за испраќање војници на украинска територија. Вакви објави дека Полска се вклучила во војната во Украина се споделуваа и претходно и истите беа дебанкирани.

Генералната команда на полските вооружени сили ги отфрли обвинувањата и изјави дека секоја наводна наредба за преместување војници е „фалсификувана“.

Оваа информација која потекнува од проруски воен блогер и за која нема апсолутно никаква официјална потврда ниту пак може да се најде медумски напис од релевантен медиум кој може да го потврди ова, е една голема шпекулација. Врз база на шпекулација која доаѓа од руска страна не може категорично да се тврди дека членка на НАТО директно и официјално влегла во војната во Украина, особено кога и самата Полска и НАТО алијансата во неколку наврати потенцираа дека нема да се вклучат во војната преку испраќање трупи.

Оваа објава освен што има цел да манипулира и да пренесува шпекулации, шири паника во јавноста дека набрзо ќе се случи мобилизација и кај нас, бидејќи сме членка на НАТО и дека „ќе се гине за НАТО идеали“.

Но, ова не е вистина. НАТО не е вклучена во војната во Украина со испраќање војници и тоа нема да се случи ниту во иднина, бидејќи Украина не е членка на Алијансата.

Во време на војна, кога луѓето се гладни за детали, дезинформациите и воената пропаганда од двете страни можат да бидат подеднакво вирални како и проверените факти. Затоа, пред да оформи мислење и да се сподели нешто на социјалните мрежи, потребно е да се провери дали информацијата потекнува од официјални извори.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ