• Latest

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

November 5, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

November 5, 2021 10:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен“, пишува Вистиномер.мк.

Анализата на Вистиномер ја пренесуваме во целост: 

Пост на Фејсбук шири дезинформации дека се сквернавел споменикот за насилно прогонетите 28.000 деца на возраст од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија, кој е поставен на Кејот „13 Ноември“ покрај Вардар во близина на хотелот „Холидеј ин“. Според постот, до споменикот биле поставени контејнери со смет. Нашата проверка покажа дека станува збор за дезинформација.

Постот споделува и напис со наслов „СКВЕРНАВЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Контејнери со смет до споменикот за насилно прогонети 28.000 деца од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија“.

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојузот МАКЕДОН) и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудуваат неодговорноста на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар, кои поставиле контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Инн“ на Кејот на реката Вардар!. Ова се истакнува во реакцијата за сквернавењето на споменикот во Скопје, што ја објави претседателот на СМК, Тодор Петров на официјалниот профил на Фејсбук, се вели во написот.

Во текстот е објавена фејсбук реакцијата на Тодор Петров, претседател на СМК кој е придружен со фотографии од споменикот пред кој се гледаат поставени контејнери за смет.

Но, доколку отидете на фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако Петров реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии со кои им посочува на своите следбеници на Фејсбук дека биле отстранети контејнерите со ѓубре.

Но, фотографијата со контејнерите и онаа без контејнерите, открива дека станува збор за дезинформација. Доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Односно, плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен. Невозможно е за еден ден да биде променет плочникот на Кејот.

Град Скопје, кога почна со реконструкција на Кејот (во април годинава), соопшти дека тој ќе добие сосема нов изглед и дека ќе добие нови плочки во нијанса на црвена боја.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Оттука постот го означуваме како невистинит.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ