• Latest

Вистиномер: Задолжителната вакцинација не е физички напад и кривично дело

March 15, 2021

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Задолжителната вакцинација не е физички напад и кривично дело

March 15, 2021 09:50
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук објава тврди дека задолжителната вакцинација е кривично дело. Притоа, употребувајќи недоличен речник, процесот на вакцинирање го споредува со силување и злоставување, паралели кои во најмала рака се невкусни и несоодветни.

Ако некој ти напика к** без твоја дозвола, тоа е силување. Ако некој ти збрца нож без твоја дозвола, тоа е обид за убиство. Ако некој ти забоде игла без твоја согласност, тоа е физички напад.

Да не се лажеме – задолжителна вакцинација е кривично дело.

Не е вистина дека задолжителната вакцинација е физички напад и кривично дело. Таа се врши со закон и помага да се стават во контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот.

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка која директно допринесува за намалување на морбидитетот и морталитетот на заразните заболувања.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) велат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините се од клучно значење за спречување и контрола на епидемии на заразни болести.

Со вакцинирањето не се заштитуваме само себе, туку и оние околу нас. Ова е особено важно, бидејќи одреден дел од популацијата, како оние кои се сериозно болни, кои имаат одредени алергии и многу мали бебиња, се советуваат да не примаат одредени вакцини – така што тие зависат од останатите од нас да се вакцинираат и да помогнат да се намали ширењето на болести.

Особено невистинито е тврдењето дека „ако некој ти забоде игла без твоја согласност, тоа е физички напад“. Медицинските лица не се шетаат со игли низ улици и не ги бодат граѓаните, за да може да се извлече вакво тврдење и да се шири по социјални мрежи. Никој никому не забодува игла без согласност. Доколку, и покрај сите информации за корисноста на вакцините, некој сепак одлучи да не се вакцинира, ќе треба да плати парична казна.

Освен што задолжителната вакцинација се спроведува според закон, таа се спроведува и согласно Уставот. Ова го потврди и Уставниот суд, во одлука која ја донесе пред две години по Иницијативата во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација.

Според мислењето на Судот, уставно оправдано е со закон да се обврзат граѓаните на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на  државата. Уставниот суд одлучи дека обврската за задолжителна вакцинација претставува дозволено ограничување на фундаменталните права на засегнатото лице со оглед на тоа што е неопходна мерка во демократската држава заради заштита на јавната сигурност, здравје, права и слободи на други лица.

Задолжителната вакцинација во суштина претставува ограничување на правото за поединците да одлучат за дејствија кои се однесуваат на нивната сопствена личност и тело, на правото на заштита на физичкиот интегритет (член 11 од Уставот) и на правото на доброволно медицинско лекување, но според наше мислење таквото ограничување е пропорционално, а со тоа и во согласност со Уставот. Имено, целта на вакцинацијата е да се развие активната и пасивната заштита од заразни болести, а пак, заштитата на здравјето на децата и заштитата од заразни болести од уставен аспект ја оправдуваат задолжителната вакцинација на определена возраст.

Важна информација која треба да ја знае јавноста за да не подлегнува на манипулации е дека вакцинирањето против новиот коронавирус се врши на доброволна основа, а не е задолжително и  таа вакцина не е влезена во задолжителниот календар за вакцинација, ниту во кој било закон.

Оваа објава е дел од кампањата против вакцините и вакцинирањето што масовно се шири преку различни типови на лажни објави на социјални мрежи. Вакви манипулации имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да го одвратат населението од вакцинирање и заштита од многубројни опасни болести, меѓу кои и ковид-19.

Извор: ВИСТИНОМЕР

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ