• Latest
Ерол Ризаов

Визијата на Црвенковски за иднината на Македонија

September 30, 2021

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Визијата на Црвенковски за иднината на Македонија

Тоа што денес го предлага Црвенковски е напишано во Националната Стратегија пред 25 години од МАНУ, кога тој бил премиер. Досега истата никој ја нема реализирано, а многумина веројатно ни прочитано

September 30, 2021 06:30
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Одамна познатата дијагноза за состојбата на тешко болниот на Балканот, малку терапија, многу политика, а и политиканство, малку наука, уште помалку државништво, многу суети и мудрување, празна реторика, ни малку визија и храброст за иднината на Македонија. Ова е мојот впечаток од поздравните говори на претседателот на МАНУ и на поранешните претседатели на државата на отворањето на свечениот научен собир амбициозно озаглавен како „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021 година“.

Ако денот се познава по утрото, тешко е да се очекува дека работниот и научен дел од собирот во МАНУ ќе излезе од идеолошките и политичките рамки одамна цврсто поставени и толку типични за сите држави на Балканот каде што со векови огромна е разликата меѓу историјата пишувана за одбрана на едностраните национални убедувања и она што треба да биде историја. Историјата е со намера да ја најде вистината за минатото, но вистинските историчари научници признаваат дека вистината е илузорна. Тие знаат дека имаат предрасуди кои влијаат на нивната оценка, но тешко е тоа да го признаат, а уште потешко тоа да го пишуваат и кога не е баш толку славно минатото. Тие го знаат и тоа дека никогаш ги немаат сите факти. Вистинските историчари можат да прават интелектуални грешки. Националните бранители вршат интелектуални злосторства. Се разбира ова не е типично само за Балканот, но на овие европски простори тоа најдолго и најдраматично трае, тој оган постојано се одржува бидејќи политиката има свои посебни потреби и не дозволува да згасне.

Што содржи заборавената Стратегија

Вниманието ми го привлече делот во излагањето на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски каде тој излезе со конкретен предлог и визија за иднината на Македонија. Црвенковски смета дека мора да се изработи платформа, национална стратегија, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската унија или не. Смета дека би било идеално таа национална стратегија да ја изработат и прифатат сите политичките партии, но исто така вели, дека не гледа начин, со оглед на нивните релации, тоа да го направат.

Црвековски ја повика Академијата, Универзитетот „Кирил и Методиј“, Стопанската комора и претседателот Стево Пендаровски да покренат таква иницијатива, да ги подготват документите и да им ги понудат на партиите.

Навистина убаво кажано, убаво е и да се чуе и во оваа прилика една таква визија за национална стратегија за иднината на државата иако звучи многу познато и одамна чуено. Пред себе ја имам дебелата книга на 413 страници печатена во тираж од 1.200 примероци насловена како „Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија“ издадена од МАНУ 1997 година, а подготвена 1996 година од стотина научници, експерти и деловни луѓе во време кога Бранко Црвенковски е премиер.

Сето тоа што го бара денес Црвенковски, и многу повеќе од тоа, е напишано рамно пред 25 години. Покрај ангажманот на МАНУ и раководниот тим на Проектот предводен од академик Ксенте Богоев, акад. Никола Узунов, акад. Никола Кљусев и д-р Глигор Бишев, покрај претставници на владата, учествуваат и светски експерти и консултанти на Обединетите нации, десетина консултанти на Виенскиот институт за економски компаративни студии, сите набројани со име и презиме. Опфатени се сите поглавја, почнувајќи од општествениот развој, подготвен од академик Евгениј Димитров, кој ги опфаќа системските и институционални промени, стабилноста на политичкиот систем, развојот на демократијата и особено владеењето на правото со опасностите од грубо поткопување на владеењето на правото, вклучувајќи го организираниот криминал и корупцијата, на кои сега инсистира Црвенковски. Потоа следуваат сите поглавја од човечките ресурси до заштита на човековата околина, образование, здравство, земјоделство, култура, наука, технолошка модернизација, јавен сектор, социјални аспекти на развојот, долгорочна стратегија за работната сила, монетарен и банкарски сектор, надворешните економски односи, енергетика и.т.н.

МАНУ за ова подготвил 26 работни групи по одделни тематски подрачја, релеванти и компетентни експерти за Стратегијата. Во овие тимови се вклучени 70 истражувачи од Академијата, од неколку факултети и институти, како и стручњаци од стопанството. Сите тие подготвиле елаборати за секое подрачје одделно. Потоа, сето тоа повеќепати е разгледувано и усогласувано со Виенскиот институт, за на крајот да се направи темелна  ревизија и редакција на сите материјали на оваа стратегија како комплексен документ за економскиот и општествениот развој и модернизација на Македонија за наредните две и пол децении.

Проектот е изработен да служи како Стратегија, во вид на насоки за реформите на економската транзиција, за макроекономската и развојна политика на Владата и деловните потфати на компаниите. Проектираниот долгорочен период е до 2020 година. За одбележување е и фактот дека за оваа Стратегија е користена и Стратегијата за економскиот развој на Република Словенија изработена во 1995 година. Примерот на Словенија е земен како компаративно најадекватен за Македонија. Во националната Стратегија за развој до 2020 година е вкалкулирано и приклучувањето на Македонија во ЕУ и како што таму стои „за таа цел внатре во земјата во овој период ќе треба да се достигнат и сите економски, политички, социјални  и други предуслови за членство во Унијата.

Доцна стигна Марко на Косово Поле 

Во оваа 2021 година најмалку требаше Марко да стигне на Косово Поле со 25 години задоцнување. Ова беше годината кога требаше да се направи сериозна ревизија на оваа исклучително значајна и сеопфатна Национална стратегија која фаќа една педа прав во библиотеките на МАНУ и во канцелариите на владите и на премиерите, ама досега ниту една влада, ниедна партија, ниту еден премиер ја нема реализирано, а многу веројатно ни прочитано.

Да се види што е остварено, а што не е, и врз основа на тоа да се преземат натамошни чекори. Од 1997 година, кога е објавен проектот, владите на ВМРО-ДПМНЕ се 15 години на власт, а владите на СДСМ девет години. Во тој период Бранко Црвеновски е три години премиер и пет години претседател на државата. Доволно време и владите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери да спроведат голем дел од она што денес го бара Црвенковски како нова визија и стратегија за идниот развој на Македонија.

Како стојат работите во меѓупартиските односи и поделеноста во земјата, нема да биде големо изненадување и 2041 година, кога МАНУ ќе одбележува сто години 1941-1991-2041 некој од сегашните премиери и претседатели, ако доживее, да предложи нова стратегија за идниот развој на Македонија и решителна битка против корупцијата, без разлика дали е членка на ЕУ, или не е. Се разбира, ако дотогаш ја сочуваме државата и ако ја прифатиме стратегијата на другиот поранешен претседател Ѓорге Иванов да не избрзуваме во носењето значајни одлуки. Што има да брзаме кога потрошивме три- четири генерации чекајќи подобри времиња, односно друг да ни ги реши проблемите и секој обид за компромис да го прогласуваме за предавство на националните интереси.

Инаку, одговорот на хипотетичкото и реторичко прашање на Црвенковски – што ако ЕУ реши да нема повеќе проширување, би било едно, но многу поизгледно и пореално прашање: што ако додека ние предлагаме напразно на секои 20 години нови и нови стратегии, како бивши премиери и претседатели кои не ги оствариле веќе донесените стратегии и приоритети, сите наши соседи станат членки на ЕУ, освен ние? Колку е тогаш реална оценката дека Македонија ќе остане неподелена и која е таа стратегија тоа што не сме го направиле пред 20 години да го правиме по 50 години?


Извор: DW (Дојче Веле на македонски јазик)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ