ЗОРАН ИВАНОВ
Со лелекот или крикот, сеедно, на двајцата актуелни министри од редот на политичката партија и коалициски партнер на СДСМ и ДУИ во македонската, техничка па сепак влада на вечерашниов прес, и колку раскажаната приказна на двајцата министри од Алијансата, Алиу и Меџити пред новинарите и да беше еднострана, веќе на самиот свој старт, креирајќи го ваквиот амбиент, владата на Џафери го допре самото институционално дно зашто поразителен е фактот дека меѓупартиската пресметка меѓу ДУИ и Алијанса за Албанците се одвивала на владината тркалезна маса и дека оваа влада практично почнува да функционира од позиција на маалска сила со непримерни меѓуресорни пресметки како од времето на Дивиот Запад, да речеме како онаа легендарна каубојска кај О.К. Корал или во оригинал Gunfight at the O.K. Corral па, оттука, кажано во оваа една реченица, ако по утрото денот се познава, до мајските избори од институциите ќе летаат уште многу политички глави, а владата наместо терен за инстотуционално владеење, ќе се легитимира како Влада за штапски меѓупартиски пресметки.