Владата на вчерашната седница го разрешила досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначила Бојан Христовски.
Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.
Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата и јавните препирки меѓу партијата и градоначалничката Данела Арсовска.
Досегашниот директор Милошевски беше назначен на функцијата во декември 2022 година од тогашната Влада на СДСМ и ДУИ, кој дојде на позицијата на Виктор Димовски.
Агенцијата за национална безбедност почна да функционира во 2019 година, по реформите кои беа спроведени во безбедносниот сектор, а со кои престана да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во рамки на Министерството за внатрешни работи.
Токму новоназначениот директор Христовски, пред да стане прв човек на АНБ, на 1 септември годинава го честита петтиот роденден на Агенцијата, наведувајќи дека е последен.
Фото: Фејсбук на Бојан Христовски