• Latest

Владата и Советот на амбасадори ќе соработуваа за прашања од надворешната политика

September 20, 2019

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата и Советот на амбасадори ќе соработуваа за прашања од надворешната политика

September 20, 2019 14:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со претставници на новоформираниот Совет на амбасадори: претседателот Љупчо Арсовски, потпретседателот Мухамед Халили и членовите на Извршниот одбор, Тихомир Илиевски, Нано Ружин и Иљаз Сабриу, соопшти владината прес-служба.

На средбата се поздравени политиките на Владата што отворија пат за НАТО и за ЕУ интеграциите на земјата. Оценето е дека Владата го направи потребното да ја постави државата на правиот пат и дека успешните интеграции се вистинска можност за економски развој на земјата.

Заеднички е изразено очекување дека ќе бидат вреднувани постигнувањата на земјава на домашен и меѓународен план и дека Република Северна Македонија, како што заслужува, ќе добие позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври и датум за почеток на преговорите.

На средбата беше објаснета мисијата на независното, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи, Совет на амбасадори, кое, како што е речено, е основано со цел да помогне во креирањето и успешно имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика и ЕУ и НАТО интеграциите, преку поддршка и предизвикување на институциите надлежни за надворешната политика, да носат праведни и квалитетни одлуки засновани врз база на сестрани и квалитетни анализи.

Членовите на Советот на амбасадори рекоа дека како луѓе со големо професионално и животно искуство, во коишто вложувала државата, сакаат да го возврат тоа знаење на својата земја.

Премиерот Заев изрази поддршка на иницијативата на членовите на Советот на амбасадори да помогнат на државата.

– Секое искуство и сечија помош е добредојдена, а посебно кога доаѓа од искусни луѓе коишто ја претставувале својата земја. Владата и институциите во вас ќе гледаат партнери во носењето одлуки за доброто на граѓаните и на нашата држава, рече премиерот Заев.

Притоа е изразена благодарност за изразената почит кон нив и нивната иницијатива, стои во соопштението од прес-службата на Владата./ МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ