Министерството за внатрешни работи потпиша договор за кирстење финансиска поддршка со Владата на Република Чешка.
„Преку Договорот за користење на финансиската донација од речиси еден милион евра, ние продолжуваме во насока на реализирање на заедничките цели, а тоа се високите и квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.
Министерот Хамачек потенцираше дека Република Чешка и во иднина ќе продолжи да помага на Република Северна Македонија на патот кон евроатланските интеграции, а денешната посета е еден од конкретните примери за одличната соработка меѓу двете држави.
„Република Чешка е пријател на Република Северна Македонија, кој ќе и помага на нејзиниот пат“, рече министерот Хамачек.
Покрај финансиската помош, веќе неколку години полициски службеници од Република Чешка и помагаат на нашата полиција на јужната граница.












