Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржува редовната 158 седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На дневниот ред на седницата ќе бидат разгледани Предлог -закон за енергетска ефикасност, Информација во врска со иницијативата за воспоставување на еден заеднички граничен премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во граничниот премин Ќафасан, како и Информацијата за можноста и оправданоста за воведување на субвенции при купување на нови возила, од Министерството за економија.
Министерство за здравство за оваа седница на владата ја предложи точката Информација со Акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а на дневен ред ќе биде ставена ќе биде ставена на разгледување Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните
домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5.