• Latest

Владата објави Јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

April 24, 2020

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Владата објави Јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

April 24, 2020 12:56
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Владата објави Јавен повик https://vlada.mk/node/21153 за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100 отсто памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум пет отсто, на јаток максимум еден отсто, соопшти владината прес-служба.

Право на учество во Јавниот повик, како што се посочува, имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик и тоа: испорака на најмалку 2.000 маски дневно, испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје, единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор, единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата, за материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се достави извештај од извршена лабораториска анализа издаден од страна на овластена лабораторија, со примерок од маската во прилог.

Економските оператори, понудувачите на овој Јавен повик е потребно да ги достават следните документи: Документ за регистрирана дејност (ДРД образец), извештај од извршена лабораториска анализа од овластена лабораторија, во однос на квалитетот на маските, примерок од маските што ќе се доставуваат и изјава од понудувачот дека може да врши испорака на најмалку 2.000 маски дневно.

За способноста на понудувачите, одлучува Комисија составена од пет члена од редовите на Владата на Република Северна Македонија – Генералниот секретаријат, министерствата за политички систем  и односи меѓу заедниците, за здравство, за информатичко општество и администрација и за внатрешни работи, кои ќе извршат оценување на способноста на понудувачите согласно бараните услови во повикот и ќе предложат избор до Одговорното лице. Владата – Генерален секретаријат, ќе склучи договор со сите понудувачи кои ги исполнуваат условите, информираат од владината-прес служба.

Испораката на 2.000 маски дневно, како што се нагласува, ќе биде реализирана на еднакви делови, односно сразмерно на бројот на понудувачи со кои ќе се склучи Договор. Лица назначени од страна на Договорниот орган ќе вршат квалитативна и квантитативна проверка при испораките.

За неисполнување на склучен Договор, на економскиот оператор ќе му биде наплатена договорна казна согласно склучен договор и ќе се има предвид при докажување на способноста за неисклучување од постапка при спроведување на редовни јавни набавки. Плаќањето ќе се врши по достава на фактура и испратници за извршена испорака во архивата на Договорниот орган – Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, со седиште на бул. „Илинден“ бр.2, Скопје, во рок од 60 дена од денот на приемот, се наведува во соопштението.

Понудите се доставуваат во затворен плик, по пошта или лично до архивата на Договорниот орган на следната адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, најдоцна до 27.04.2020 година до 15:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

За дополнителни информации, понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022, а Јавниот повик е објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија: https://vlada.mk/node/21153 , стои во соопштението.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    251 shares
    Share 100 Tweet 63
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ