• Latest

Владика Петар: Во мир и љубов, со прошка за непријателите, да го пречекаме Велигден!

April 11, 2017
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владика Петар: Во мир и љубов, со прошка за непријателите, да го пречекаме Велигден!

April 11, 2017 16:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијански пораки за мир и љубов, за простување и помирување, упатени не само кон еден народ, туку кон сите, дури и кон непријателите, испраќа митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г.г.  Петар во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа. Тој зборува и за своите мотиви да пее патриотски песни на одбележувањето на 115-годишнината од смртта на Методија Патчев, во прилепско Кадино село, настан што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и кај христијанските верници.

ЦИВИЛ Медиа: По бурните реакции во јавноста за Вашиот настап и пеењето патриотски песни по панихидата во чест на одбележувањето на 115-годишнината од смртта на Методија Патчев во прилепско Кадино село, дали сметате дека како претставник на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), како духовник на многу христијански верници, треба во исто време, да се вклучите и во граѓанско чествување?

ВЛАДИКА ПЕТАР: Прво, не беше панихида, туку помен. Следно, треба да се земе предвид, каде и што се случило. Тоа не е случаен повод, туку прослава на еден херој на македонскиот народ и херој на македонската нација, којшто загинал заедно со својата дружина на самото место, во Кадино село. Станува збор за чествување на неговиот гроб. Значи, друго е ако тој настан се одржува по друг повод и на некое друго место, би имало сосем друга конотација на нештата. Ако станува збор за прослава на тој човек, којшто на тој ден, пред 115 години, загинал таму, и дека всушност, имаше настап на деца, кои рецитираа и пееја песни за него, во тоа јас не гледам ништо лошо. Имаше прослава, и на таа прослава се разбира дека нему, како на голем патриот му прилегаат песни, коишто ги испеал народот. Тоа не е дека му текнало на владиката да пее некоја песна, туку тоа се песни што народот ги прочул за патриотите што ги положија своите животи, каде што се споменува крстот, верата, нацијата… Во тоа не гледам ништо лошо, не гледам тука забелешки. Мене нешто друго ме тангира, ме изненадува. Тоа што нашите медиуми…, кога Али Ахмети во Колари откриваше споменик на некој што настрадал, а бил против нашиот народ, кога Албанците си ги претставуваат како нивни херои, вклучувајќи ги и последните во Диво Насеље во Куманово, тие беа примени како херои. Значи, за тие што за нашата кауза, македонска, ги положиле своите животи, било срамно и недостојно да им отпееме една песна, што народот им ја испеал… А, оние пак, што до последно ги убиваат нашите луѓе и тоа на еден многу страшен начин, како што беше убиството во Вејце, на Карпалак, во Диво Насеље…, е за тоа никој ништо не дискутира и не коментира. Мислам дека сите работи одат кон една друга работа.

8 април 2017: Кадино село, чествување на 115-годишнината од смртта на Методија Патчев

ЦИВИЛ Медиа: Токму тоа сакам да Ве прашам, од името на христијанските верници… Дали сметате дека е во ред, како истакнат духовник преку кого се идентификуваат во верата многу верници на еден поширок регион, да преземете и ваква улога? Дали верата, верникот, претставникот на МПЦ, смее да си преземе улога на граѓанин, тогаш кога настапува како духовник? На социјалните мрежи имаше реакции – зошто во редот во којшто Вие пеете, има и многу граѓани кои што настапуваа со изразени политички ставови, коишто, , во најмала рака, не ги делат сите верници на МПЦ? Дали сметате дека во ваков политички контекст во којшто се наоѓа Македонија, со пеење такви песни, не се поттикнува на еден начин и омразата и подвоеноста на граѓаните, по политичка, верска и национална основа? Затоа што религијата подразбира љубов, таа во себе не носи конотации на омраза и делби по кој било основ? Особено во Прилепско, живеат и Албанци, граѓани од муслиманска вероисповед, кои се многу честити луѓе, кои живеат и сакаат да живеат мирен живот?

ВЛАДИКА ПЕТАР: Никој не е против тие честити луѓе. Јас дури го нагласувам тоа, дека на Албанците не смее да им фали ниту едно влакно. Има таму многу чесни луѓе, без дискусија, јас имам луѓе пријатели со кои комуницирам, тие се Албанци. Но, сега станува збор за нешто друго. За тоа дека ние го прославуваме делото на Методија Патчев, а тоа нема врска со денешните настани.

ЦИВИЛ Медиа: Пеењето на патриотски песни, не значи испраќање никаква порака од Ваша страна?

ВЛАДИКА ПЕТАР: Да, моето учество на таа прослава нема врска со актуелните случувања во државата. Јас досега и не сум бил таму.

ЦИВИЛ Медиа: Тогаш, како духовник на МПЦ, која е Вашата порака во овој момент, во овие бурни времиња, кога се шири етничка, верска и политичка омраза?

ВЛАДИКА ПЕТАР: Ние сме повикани да сееме љубов, а не омраза. И во таа смисла е и мојата порака, дека треба љубов да покажуваме и кон оние, кои што ги положиле животите за нашата татковина, чии денешни благодети ги уживаме денес, ние на земјата. Тоа е само една доблест, една подлабока почит кон сите што ги положиле животите кон нашата татковина. Значи, во тој контекст е и мојата лична порака и нема врска со ништо друго. Мојата порака е, да има мир и љубов меѓу луѓето.

ЦИВИЛ Медиа:  Како владика, член на Синодот на МПЦ, која е Вашата порака во пресрет на Велигден до сите граѓани на Македонија?

ВЛАДИКА ПЕТАР:  Таа порака е содржана токму во нашите црковни песни, што ги пееме за Велигден. „Прости им всја погрешенија“. Со Христовото Воскресение, ние да им ги простиме гревовите на сите. Што значи, христијанството е вера која што моли и простува, не само за пријателите, не само за еднородниот народ, туку и кон непријателите – има љубов! Значи, тој што нема љубов кон непријателите, тој не може да се нарече христијанин. Значи, да се простува и да се сака непријателот. Злото не може да се победи со зло, туку со добро. Омразата се победува со љубов, а не со омраза! Тоа , секогаш е пораката на МПЦ. И мојата лична порака, дека ние треба да ги возљубиме и непријателите и да им простиме со Воскресението Христово. Христос од крстот, кога бил распнат, се молел за непријателите негови, оние што го распнале, со зборовите: „Прости им Боже, зашто не знаат што прават“. Примерот што го дал Христос значи дека треба да го следиме, да се молиме за нашите непријатели и особено, во пресрет на најголемите празници на Христовото Воскресение.

 

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: велигденска поракавладика ПетарКадино селоМетодија ПатчевМПЦпатриотски песниСинод
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ