• Latest
Македонските национални телевизии

Владиното рекламирање ќе остане забрането, ќе се дозволат само кампањи од јавен интерес

February 22, 2021
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владиното рекламирање ќе остане забрането, ќе се дозволат само кампањи од јавен интерес

February 22, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

Сегашниот член 102 и од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува целосно владино рекламирање во медиумите. Оваа измена на законот ја направи Владата на СДСМ веднаш по доаѓањето на власт затоа што претходното искуство покажа дека ВМРО ДПМНЕ ги користела народните пари за владино, поточно партиско рекламирање, а со тоа ги корумпираше медиумите, односно ја купуваше нивната доверба и наклонетост.

За да се пречи во иднина таква појава, СДСМ реагираше со измени во законот, но сега, особено заради претстојниот процес на имунизација, се појавува потреба од нови измени во законот, односно владиното рекламирање како такво да остане и понатаму забрането, но да се овозможат кампањи од јавен интерес. Соочени со бројките од некои анкети, кои покажаа дека половината од населението е против вакцинирање,  се наметна потребата од едукативна кампања преку која ќе се подигне свеста кај населението за да сфати дека вакцините се безбедни и дека се од полза ако ги примат во што поголем број.

Понатаму, покрај оваа, Владата во иднина ќе се соочи со потребата и од други кампањи, преку кои ќе го едуцира и мотивира населението и ќе го направи соработник во одлучувањето. На пример, интензивната битка против корупција во даден момент ќе ја отвори потребата од кампања, преку која би се вклучиле сите граѓани за борбата да добие поголема смисла и во неа да се вклучат сите. Или, ако се појави потреба од кампања за безбедност во сообраќајот, законските измени би овозможиле таа непречено да се прикажува медиумски.

Во полза на владиниот став за законски измени оди и ставот на Македонската медиумска асоцијација на телевизии (ММА)

Целта на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се овозможи емитување на кампањи од јавен интерес, за што е потребно да се смени членот 102. Кон овие измени може да се пристапи брзо со оглед на консензусот во општеството и поддршката на владината идеја од страна на Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии (ММА).

Токму од таму информираат дека, земајќи го предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на пандемија, ја подржуваат Владата во однос на нивната иницијатива за измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

„Земајќи ја предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од ковид-19, во смисла на држење дистанца, носење маски и слично, сметаме дека, како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух…“ – се наведува во известувањето од ММА.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ