ВЛЕН, на денешната прес конференција извести дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
„Причина за пријавата е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година, со што се сомневаме дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик). Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“, изјавија од ВЛЕН.
Тие побараа од да ги испитаат нивните наводи, за кои како што велат и високи функционери на ДУИ јавно признале дека „пописот бил во рамки на договореното“.